Моето искуство од една година во Холандија со ЕСК (Европскиот Солидарен Корпус)

Од Јован Лешев Ако сте учествувале на каков било вид на волонтерска работа во кое било својство неизбежно сте прашани како или зошто би работеле платена работа без да бидете платени. Никогаш не е лесно да се објасни зошто или како некој одлучува да помине една година во странска земја за да служи како волонтер. Позитивните искуства, луѓето што ги запознав и предизвиците што морав да ги надминам додека живеев и служев како ЕСК волонтер во Холандија беа повеќе од доволна причина зошто сакам да ја споделам мојата приказна. Кога бев избран како волонтер од Rock Solid Foundation да служам во нивниот социјален ресторан Аан Тафел бев многу возбуден. Тоа беше една од моите долгогодишни желби да живеам во странство и ова беше совршена можност да го направам токму тоа. Aan Tafel е социјален ресторан во малото гратче Лунтерен управуван целосно од волонтери и со персонал од лица со посебни потреби. Работејќи во угостителството неколку години мислев дека ова ќе биде еден од најлесните предизвици со кои се соочив, но реалноста се покажа поинаква. Никогаш не сум делел работен простор со луѓе со посебни потреби. Иако моето време беше исполнето со предизвици сепак искуството таму ме научи на трпение, сочувство и солидарност – квалитети што треба да ги поседува секое човечко суштество ако сакаме да живееме во подобар свет. Моето време во Лунтерен и во Аан Тафел резултираше со можности да учам, да се усовршувам и да развијам вештини кои никогаш не мислев дека ми се потребни. Покрај тоа, имав одлични можности за средби, работа заедно и негување односи со луѓе од целиот свет, со различни возрасни групи и културни позадини, притоа помагајќи ми да разберам колку неверојатно слични сме сите кога станува збор за нашите основни вредности. Моето долгорочно волонтирање не беше ограничено само на работа во ресторанот. Фондацијата Рок Солид ни обезбеди мене и на моите колеги волонтери можности да направиме значајна волонтерска работа на голем број други проекти, како што се собирање храна и облека за луѓето на кои им е потребна и организирање креативни работилници за стари лица и лица со посебни потреби. Попатно учествував во разни други активности што ги правеа во кои се запознавме и споделивме искуства со други волонтери во Холандија што резултираше со поголема мрежа на луѓе и создавање на уште повеќе пријателства на патот. Меѓутоа, тоа не беше само работа и учење. Во текот на една година што ја поминав како волонтер морав да се научам да живеам во култура која е сосема различна од мојата, да патувам, да научам нов јазик и да посетувам места што никогаш претходно не сум ги видел. Дури добив шанса да се приклучам на локален хор и да создадам уште повеќе позитивни искуства за себе. Така што ако некој млад човек бара шанса да направи нешто значајно и да создаде прекрасни нови искуства додека живее во странство и запознава луѓе од целиот свет, ова е совршена можност за вас. Не двоумете се да волонтирате, без разлика дали тоа е вашето време, вашето знаење или понекогаш само вашиот позитивен став. Во социјалниот ресторан Аан Тафел во Лунтерен на ѕидот на трпезаријата виси цитат: „Кога имате повеќе отколку што ви треба – изгради поголема маса, а не повисока ограда.
Аплицирај за Европски Солидарен Корпус

Европскиот Солидарен Корпус ги зближува младите луѓе за да изградат поинклузивно општество, да ја поддржат ранливата група на граѓани и да одговорат на општествените предизвици. Европскиот солидарен корпус нуди инспиративно и моќно искуство за младите луѓе кои сакаат да помогнат, учат и развиваат. Отвора се повеќе и подобри можности кои опфаќаат широк спектар на области, како што се интеграција на мигрантите, предизвици во животната средина, спречување на природни непогоди, едукација, младински активности, хуманитарна помош. Исто така, ги поддржува националните и локални актери, во нивните напори да се справат со различните општествени предизвици и кризи. Европскиот Солидарен Корпус има за цел исто така да ги надополни напорите што ги прават земјите-членки за поддршка на младите луѓе и да ја олеснат нивната транзиција од училиште на пазарот на труд под Младинската гаранција, со тоа што ќе им обезбедат дополнителни можности да започнат на пазарот на трудот во форма на практиканти или работни места во рамките на нивната земја-членка или во некоја од земја-партнер. Активностите на Европскиот Солидарен Корпус ги поддржуваат целите на ново усвоената стратегија за млади на ЕУ за 2019-2027 година која ги охрабрува младите да станат активни граѓани, агенти на солидарност и позитивни промени за заедниците низ цела Европа, инспирирани од вредностите на ЕУ и европскиот идентитет. Тоа е шанса да ги предизвикате вашите граници и да развиете вештини кои ќе ви служат во секој потфат. Затоа, не двоумете се – аплицирајте за Европскиот Солидарен Корпус. Вашето патување започнува сега и ветува дека ќе биде авантура за цел живот. Како организација поседуваме Ознака за Квалитет