Последни новости

Сведоштва на учесници на клубот за дигиталното образование

Стефанија

Моето име е Стефанија и сум средношколка во средното училиште САБА во Битола. Имам 16 години и учам на смерот по информатика. Денес го завршив часот “Вовед во дигитални бизнис вештини” од курсот за претприемништво. Курсевите од HP life постепено ги изучувам веќе една година. Иако сум настроена да учам за технологија и нејзините пронајдоци, многу пати се наоѓам себе си каде се најавувам на HP и одам на курсот за претприемништво или маркетинг. Едноставно, ги обожувам тие курсеви оти се брзи, лесни за разбирање и ме учат за нешта што до пред тоа не сум ги слушнала.

Михаил

Јас се викам Михаил Спасевски и доаѓам од гимназијата Таки Даскало. Одам на курсеви веќе еден месец и да кажам дека сум задоволен од курсевите е потценување. Неодамна го завршив часот „Социјално претприемништво“, кој ме научи како да проценам идеја за социјално претпријатие, како да користам анализа на засегнатите страни и како да го измерам деловното влијание. Најмногу изучувам часови во курсот за Претприемништво. Сметам дека овој курс е најкорисен за секојдневна употреба и во мојата работа. Тие не се премногу долги, обично ми треба до еден час да ги завршам, а споделените информации што ги има во овие курсеви се одлични. Ми се допаѓа идејата за онлајн курсеви; сметам дека полесно се разбираат и учат. Ако сакате можете да се вратите на курсот и повторно да го посетите. Целокупниот квалитет на овие курсеви е неверојатен, и јас не би променил ниту една работа кај нив.

Ирем

Јас сум Ирем Емектар, студентка на Одделот за комуникации и дизајн на Универзитетот Ондокуз Мајис во Турција. По потекло сум од Анкара, но моментално сум на двомесечно волонтирање во Младинскиот центар во Битола. Покрај моето универзитетско образование, имам голем интерес за развојот на дигиталниот свет. Затоа, имам за цел да ги развијам моите знаења и вештини за дигитален маркетинг преку посетување курсеви на ИМКА поддржани од HP Life. Верувам дека иднината на комуникацијата и дизајнот ќе биде обликувана од дигиталната трансформација. Овие курсеви придонесуваат и за мојот професионален и за мојот личен развој. Им препорачувам на сите млади луѓе да ја искористат оваа бесплатна можност, бидејќи дигиталниот центар на ИМКА нуди инспиративна средина за секој што сака да учи и да се усовршува.

Јован

Јас сум Јован од Битола, редовен волонтер на ИМКА. Последната година од моето основно образование, активно се посветив на курсевите од HP life кои скоро секоја недела се одржуваа во Младинскиот центар. Од самиот почеток имав чувство дека ќе го надополнат моето досегашно знаење. Откако завршив неколку курсеви се заинтересирав уште повеќе. Имав можност да бидам дел и од првата генерација на учесници на HP Gaming Garage, каде изучив курс за „Дизајнирање на компјутерски игри“. Преку одржувањето на нив ме привлече и комуникацијата и интеракцијата со другите ученици кои редовно идеа. Овој начин на добивање на нови знаења го препорачувам на моите соученици и слободно да ја изучат мојата омилена тема, дигитален маркетинг.