Последни новости

Автентични приказни, вистински раст: гласовите на учесниците од Врсничката школа

Мила Николовски, Економско училиште Јане Сандански

Кога првпат слушнав за оваа активност, веднаш почувствував голема љубопитност и возбуда. Имав позитивни очекувања – дека ќе научам нешто ново, ќе запознаам интересни луѓе и ќе стекнам корисни знаења и искуства. Најмногу ми се допадна тимската работа и практичните задачи, кои беа динамични и забавни. Преку нив научив нови вештини за комуникација, соработка и критичко размислување, а истовремено добив поголема самодоверба во изразувањето на моите идеи. Ова искуство ми помогна да се развивам како личност, да ги подобрам моите социјални и организациски способности и да добијам појасна претстава за моите идни цели. Стекнатите знаења можам да ги применам во секојдневната комуникација, во училиштето, како и при работа во тим и носење одлуки во различни ситуации. А најмногу корист од вакви активности би имале младите кои сакаат да се надградуваат и да стекнат нови искуства. Секако би ги препорачала ваквите програми на сите, бидејќи придонесуваат за личен развој и практично знаење.

Сара Груевска, Економско училиште Јане Сандански

Во школата дојдов со очекувања дека ќе си поминам убаво и дека ќе научам многу нови и корисни работи, а тие очекувања целосно се остварија. Работилниците беа особено интересни и интерактивни, а преку нив стекнав нови знаења и сознанија што претходно не ги поседував. Ова искуство ме научи на вистинските вредности и значително придонесе за мојот личен раст и самоусовршување. Сметам дека работите што ги учевме се целосно применливи во секојдневниот живот и ни помагаат подобро да се справуваме со различни ситуации. Најголема корист имаме ние, учесниците, бидејќи преку активностите учиме практични вештини кои ни се неопходни во секојдневието.

Нектарија Илиевска, Гимназија САБА

Искрено, школата ги исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најмногу ми се допаднаа активностите и игрите, бидејќи преку нив учењето беше интересно, активно и забавно. За време на школата научив многу нови работи и стекнав нови знаења и вештини што ќе ми бидат корисни понатаму. Сметам дека тоа што го учевме е практично и применливо во реалниот живот, а мислам дека ваков тип школа е најкорисен токму за средношколци.

Стефанија Димитријовска, Гимназија САБА

Пред почетокот на школата имав очекувања да дознаам повеќе информации поврзани со светот на кариерниот развој. Најинтересен дел од програмата за мене беа игрите во кои активно учествувавме и постојано бевме во движење. Преку нив научив нови игри и начини на соработка со другите. Сметам дека школата делумно, но значајно, ми придонесе во оваа област и ми даде појасна слика за темата. Работите што ги учевме се применливи во секојдневниот живот и можат да бидат од голема корист за ученици од седмо, осмо и деветто одделение, како и за ученици од прва, втора и трета година средно образование.