Вклучи се

Повик за практиканти преку World University Service

Доколку сакате да стекнете практично искуство за подобрување на вашите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за вас!

Вклучете се во ИМКА и стекнете неопходна пракса преку работа на реални проекти преку програмата за практиканти на WUS (World University Service)

Програмата дополнително нуди обуки за тоа како да ја направите вашата практикантска работа успешна и за тоа како да ја пронајдете вашата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и вашето прво интервју), консултации за практикантска работа и отвoрање на свој бизнис.

Месечен надоместок: 15.000 ден. за период 3 до 6 месеци
Период на практикантство: Октомври 2025-Јуни 2026 (3-6 месеци)
Ангажман: 30 раб.часа неделно
Локација: Младински центар Битола

Поле на работа:
– Позиција: Едукатор (неформално образование, младинска работа). Преф.Педагошки факултет, Психологија или социјална работа)
– Позиција: Проектен асистент [административна поддршка, извештаи, истражување, комуникации] и
– Позиција PR [мултимедиа/фото/видео/веб/дизајн]

Кој може да аплицира?
– Студенти од државните универзитети кои се
– Во последната фаза од студиите (дипломираат август или септември 2025) или
– Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување на програмата (30.08.2025)
– Кои се на магистерски студии и кои се
– Мотивирани за промени во заедницата

Испратете CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО
Рок до 15.08.2025 год.

Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно.

Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386

Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија

Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија

© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.

Design & Build by IanMcKenzieCreative