Повик за практикант преку АВРМ
ИМКА објавува повик за вклучување на практикант/ка во канцеларијата во Битола
ПРОФИЛ:
• 18-29 год. евидентирани во АВРСМ со мин.завршено средно образование без работно искуство
• Желба за стекнување нови знаења
• Одлично познавање на Microsoft Office, Емаил, Интернет
• Одлично познавање на македонски и многу добро на англиски јазик
ОДГОВОРНОСТИ:
• Водење архива, средување на документација, формална комуникација со трети страни
• Веб пребарување, истражување, сумирање и презентирање на податоци
• Пишување на проектни апликации
• Логистика во дневно работење и при организирање на настани
• Креирање на извештаи за организираните настани
ФОРМАЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
• Период на практикантство: Ноември 2023-Јануари 2024 (3 месеци)
• Ангажман: до 30 работни часови неделно
• Надомест: Месечен надоместок обезбеден од програмата за ПРАКТИКАНСТВО на АВРМ, се предвидува финансиска поддршка во износ од 11.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
• Реална можност од вработување како административен соработник по крај на практиканство.
ПРИЈАВУВАЊЕ:
Начин на пријавување: Вашето CV испратете го на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО, најдоцна до 07.11.2023 год.
Само кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото e потребно.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative