Во периодот февруари-мај го спроведуваме проектот за мониторинг на предизборни ветувања. Следејќи ги нашите активности со цел поттикнување на зелени решенија и одржлива заедница ја следиме темата за изградба на велосипедска инфраструктура. Во прилог се активностите по месеци:

Февруари: Истражување на предизборни ветувања
Истражувањето на предизборни ветувања беше низ онлајн етерот следејќи поранешни медиумски објави, изјави на политичари и понудени предизборни програми. Главен предизвик ни беше што предизборните програми се повлечени од интернет просторот и за изнаоѓање на релевантен материјал контактиравме со членови на партиите кои се во градскиот Совет. Во однос на предизборните програми јавно достапна е само таа на независната група Поинаку, а во консултации со партиите ги добивме програмите и на двата најголеми коалициски блока предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Март: Истражување на општински документи
Се согледуваше вклученоста на темата од предизборното ветување во постоечки официјални документи на Општина Битола (програми, стратегии сл.). Истражувањето беше електронски на официјалните општински канали како што е веб-страницата и објави на социјалните медиуми на општината. Се пребаруваа исто така и веб портали кои пренеле одредена информација за бараниот податок на темата од предизборните ветувања. Истo така се поднесе и барање за пристап до информации од јавен карактер. Покрај минатите се истражуваа и постоечки документи за тековни планирани активности во 2023 година.

Април: Средби со општински функционери и советници
Се реализираа средби и разговори со клучни општински функционери и вработени во Општина Битола поврзани со темата за предизборното ветување. Конкретно се одржаа средби со Секретарот на Општината, со Раководителот на Локален Економски Развој кој воедно е и одговорен за спроведување на проектот за велосипедски патеки и разговор со Директорката на ЈП за урбанистичко планирање.

Мај: Анкетно истражување и јавна информативна сесија за проект вело патеки
Анкетно истраување за безбедноста и употребата на велосипедот како превозно средство и споредба на наодите од слични анкети кои ги правевме во 2015 и 2018. Со цел споделување на ставот на вело заедницата се зеде учество на комисијата за локален економски развој. Исто така се одржа и јавна информативна сесија со вклучување на сите релевантни чинители за проектот велосипедски патеки со цел доближување на последните информации за проектот на јавноста.

Јуни: Споделување на резултатите од наодите со јавноста
Споделувањето на резултатите со јавноста е преку неколку фокусирани објави на социјалните медиуми, гостување на регионална телевизија, вклучување во живо на национална телевизија, прилог од јавната инфо сесија, тематски подкаст, средношколски подкаст, споделување на инфографици, делење на печатена брошура, а во план се и изработка на вело мотивациски лепенки.

Наоди / Резултати:

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект