Лето со смисла: Камповите на ИМКА се вратија со визија и нов ентузијазам
ИМКА гордо ја оживеа својата традиција на младински кампови, прилагодувајќи се на времето со дневни кампови фокусирани на личен раст, тимска работа и учење на отворено. Овогодишните кампови, Младинскиот лидерски камп за момчиња (Young Men’s Leadership Project – YMLP) и Девојките го водат нашиот свет (Girls Leading Our World – GLOW), им понудија на младите луѓе од 8-9 одделение во основно училиште и 1-3 во средно училиште уникатна можност за летна авантура, учење и пријателство.
Повторно разгорување на духот на кампот: Лето на раст, лидерство и радост
Повикот за учесници ги покани младите да се тргнат од екраните и секојдневните рутини, да се потопат во природата и во атмосфера посветена на инвестирање во лидерство, комуникација, животна средина и личен раст. „Нашите кампови се безбедна, забавна и инспиративна средина“, се нагласува во повикот, „каде младите луѓе стануваат посигурни, посвесни и подготвени за живот“. За да се подготви просторот за непречен и привлечен камп, волонтерите од ИМКА учествуваа во акции за чистење во дворот на Педагошкиот факултет како примарно место за активностите на камповите, обезбедувајќи пријатна средина за сите учесници. Исто така се одржа информативна сесија за да се претстават камповите и да се поттикне ентузијазмот кај заинтересираните млади и нивните родители.
Лидери во подем, ден по ден: камповите ИМЛП и ГЛОУ на ИМКА
Дневниот камп за момчиња YMLP се одржа на 20 јуни, фокусирајќи се на вежби дизајнирани за да поттикнат личен раст. Активностите вклучуваа круг на тапани што учи на комуникација и активно слушање – метафора за хармонија и соработка во секојдневниот живот и вежби на слеклајн што симболизираат рамнотежа, доверба и меѓусебна поддршка. Учесниците, исто така, вежбаа Чи Гонг, древна кинеска практика на внимателност и движење, подобрувајќи ја физичката и менталната благосостојба. Игри за раздвижување и социјални игри и моменти на релаксација поставувајќи значаен тон за патувањето на младите ги надополнија овие активности.
Од 26 до 28 јуни, кампот GLOW им посака добредојде на ентузијастична група девојки за тридневно возбудливо искуство. Првите два дена беа одржани во мирниот двор на Педагошкиот факултет, додека последниот ден беше поминат меѓу прекрасната природна убавина на Националниот парк Пелистер.
Секој ден започнуваше со јога сесии кои им помагаа на учесниците да се заземјат и длабоко да се поврзат со своите тела и околината. Основната филозофија на кампот го поттикнуваше учењето преку искуство и тимска работа: девојките вежбаа слушање, комуникација и градење доверба преку различни практични вежби.
Дневните тимски предизвици ги поттикнаа учесниците да соработуваат на стратегија и решавање проблеми, зајакнувајќи ги основните животни вештини како што се отпорност, лидерство и одговорност за заедницата. Активности како што е слеклајн ја тестираа рамнотежата, координацијата и храброста, нудејќи лекции за соочување со стравови и потпирање на другите што само кампот може навистина да ги обезбеди.
Попладневните часови го префрлија фокусот од физички на рефлективни активности, вклучувајќи сесии за внатрешно изразување преку цртање и практики на внимателност. Овие моменти им овозможија на учесничките да забават и да ја вратат личната благосостојба во еден брз свет. Водните игри, омилени во кампот, додадоа забава и спонтаност, создавајќи радосни и незаборавни летни спомени.
Уникатен белег беше симулациската вежба за локална заедница каде што девојките играа улоги на локални засегнати страни за да дебатираат, да идентификуваат проблеми во заедницата и да предложат решенија – оспособувајќи ги да разберат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки што влијаат на нивните животи и заедницата.
Срцето на кампот: Волонтерство и тимска работа
Зад оваа програма стоеше посветен тим. Тимот на ИМКА тесно соработуваше со локални волонтери кои придонесоа за логистиката и маркетингот како и со волонтерите на Мировниот Корпус кои служат низ целата земја и кои го додадоа вкусот и клучната состојка од американскиот стил на кампови. Тие помогнаа во имплементацијата на програмата преку повеќе вежби, игри и камперски песни, служејќи и како инструктори, поттикнувајќи ја тимската работа. Персоналот на кампот беше посветен во обезбедувањето висококвалитетна, значајна програма, но исто така и во поттикнувањето на поддржувачка и инспиративна атмосфера каде што секој млад човек може да напредува.
Во знак на благодарност
ИМКА изразува најдлабока благодарност до локалните волонтери и волонтерите на Мировниот Корпус за нивната посветеност и страст што ни помогна да го разгориме пламенот на кампувањето кај нашите млади во заедницата. Многу сме среќни што имаме партнери како што се ИМКА од САД, Signs of Hope од Германија и нашите колеги од ИМКА на Балканот со кои работиме на проектот Head Space, овозможувајќи многу од сесиите, опремата и логистиката, не само за овие дневни кампови, туку и за понатамошни активности. Си ги сакаме нашите донатори. Благодарност до сите што веруваа во нас, што ја делат нашата мисија и вредности, инвестирајќи во младите луѓе и донирајќи во нашата кампања за собирање средства со што учеството на нашите млади стана достапно за сите. Заедно и со нетрпение очекуваме да го продолжиме ова патување на раст, учење и оспособување во текот на многуте лета што доаѓаат.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative