Од Виктор Илиев

Помина доста време од моето последно учество на некои од сесиите на Институтот за мировна едукација. Како алумни од 2015 година бев поканет да се приклучам на овој настан и да продискутираме за алатките, методите и искуствата од претходниот период. Местото на настанот беше Светата земја која исто така обезбеди дополнителен контекст за учење. Секако дека ја прифатив поканата и присуствував на настанот.

28 учесници, повеќе од 10 земји, 3 различни групи и 1 недела заедно. Беше привилегија да се работи со експерти за мировно образование, како што се Волфганг Хајнрих и Анкица Драган кои беа вклучени во оваа програма од самиот почеток обезбедувајќи знаење и методологија. Овој пат тоа беше анализа на контекстот со посебен фокус на влијанието и релевантноста на матрицата на Институтот за мировна едукација низ призмата на учесниците на овој собир.

Секој ден и во секое место бевме благословени да бидеме пречекани од домаќините со исклучителна гостопримливост и грижа од нашите пријатели од Витлеем, Ерихон и Ерусалим кои ги претставуваат ИМКА на Источен Ерусалим и Меѓународната Ерусалимска ИМКА.

Со не многу позитивен наратив во медиумите за овој регион се почувствував инспириран да видам и слушнам што прави ИМКА за своите корисници во многу предизвикувачки контекст – генерирање вештини, можности и надеж за целата заедница речиси еден век. И сето тоа и покрај широкиот опсег на ограничувања – затоа што луѓето во ИМКА веруваат во она што го прават.

Можеби најдобриот дел од овој настан беше средбата со локалното население и слушањето на нивните приказни. Во многу аспекти се чувствувам шокиран и сочувствував со предизвиците, условите и начинот на живот на палестинскиот народ со кој имаме некои заеднички реалности и историја. Се чувствувам благодарен што можев да ги слушнам приказните од другата страна на паричката. Се чувствувам и привилегиран што имав можност да ги посетам: Витлеем, Ерихон и Ерусалим, црквата на Христовото раѓање, реката Јордан, планината на искушението, џамијата Ал Акса, црквата на Светиот гроб и други свети места следејќи ги стапките на Исус Христос и размислување за неговиот живот, патување и жртва. Сево ова длабоко понизно и можно дава многу значење и мотивација за она што го правиме и како живееме.