Иницијатива за Западен Балкан на ИМКА

Иницијативата за Западен Балкан започна во периодот на пандемијата и со идеја за подобрување на самоодржливоста, доброто владеење и споделувањето идеи за стратешко финансирање како ИМКА групација во балканскиот регион. Водачите на ИМКА во Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија одржуваат редовни состаноци на кои разговараат за заедничките стратегии и националните планови со цел да се создаде акционен план за оваа иницијатива за Западен Балкан.

Целта е да се развие секое локално движење на ИМКА во регионот, да се допре до повеќе заедници со овој заеднички напор, при тоа споделувајќи ја мисијата и визијата на ИМКА.

Следете ја нашата страница на Фејсбук за новости во врска со оваа иницијатива!