Your support motivates us to continue our activities that empower young people!
Нашата мисија е да инвестираме во нашите млади. Ние веруваме во моќта на личниот развој, образованието и ангажманот во заедницата. Вашата поддршка е од суштинско значење за остварување на оваа визија. Со здружување со нас, вие станувате клучен дел од движењето кое не само што ги трансформира младите животи, туку и има значително влијание врз заедницата како целина. Заедно можеме да изградиме подобра иднина за младите и да инспирираме позитивни случувања.
На годишно ниво ние директно опфаќаме околу 2.000 млади луѓе преку нашите активности. Вашата поддршка може да биде насочена кон засилување на тоа влијание во нашата заедница во насока на поголем опфат на млади, проширување на територијата на дејствување или пак зголемување на опсегот на активности за млади. Ние исто така ви нудиме можност да ја фокусирате вашата поддршка на одредена програма со што ќе направите влијание во специфично поле на делување.
Ние сме транспарентни и нашата работа е отворена за јавноста. Информации за нашите активности објавуваме на нашата веб страница, на социјалните медиуми и редовно објавуваме Годишен Извештај со што ги информираме сите заинтересирани за позитивниот импакт кој ИМКА го прави врз заедницата.
Донирањето на етаблирани непрофитни организации како ИМКА е вистински начин да се помогне на заедницата. Нашата континуирана работа ни овозможува да ги знаеме потребите на заедницата, да дејствуваме стратешки и да направиме поголемо влијание врз граѓаните.
Вашата поддршка нè мотивира да продолжиме со нашите активности кои ги оспособуваат младите луѓе!
Постојат неколку начини за донирање: со финансиска трансакција на нашата сметка, преку он-лајн платформа за донации кога имаме отворени кампањи, преку кутија за донации во специфични случаи кога собираме средства на овој начин или донација во материјални добра или услуги.
Обезбедуваме различни нивоа на бенефиции за нашите корпоративни партнери и донатори, при што со задоволство би разговарале за бенефициите со вас понатаму преку состанок што може да се организира во термин кој вам ви одговара.
За да организираме финансиска или донација во добра, испратете ни порака со ваш интерес.