Шест придобивки од летните кампови

Последни новости Шест придобивки од летните кампови Со генерации, децата го поминуваат летото посетувајќи дневни и повеќедневни кампови, испробувајќи нови активности, како што се пливање, планинарење и други спортови. Но, многу семејства не успеваат да ја доловат вистинската суштина на кампувањето, а тоа е можноста децата да развијат важни животни вештини, кои многу тешко дека ќе ги стекнат во друга средина. Во продолжение се наведени неколку од многуте придобивки кои децата ги стекнуваат за време на камперското искуство. 1) Камперите стекнуваат животни вештини кои им се неопходни за трансформирање во успешни, возрасни личности За време на кампувањето децата се стекнуваат со важни животни вештини. Всушност, организацијата ,,The Partnership for 21st Century Skills’’ (која се состои од група бизнисмени, лидери во образовната сфера и политичари) открива дека постои голем јаз помеѓу знаењето кое учениците го стекнуваат во склоп на формалното образование и вештините кои им се потребни за да бидат успешни во 21 век. По сеопфатно истражување, организацијата се стекнала со заклучокот дека некои од вештините кои се неопходни за да се стане возрасна личност се комуникација, соработка, креативност, лидерство, социјализација, како и способност за решавање проблеми. Сите овие области се негуваат во камперска средина. Камперите постојано комуницираат помеѓу себе и учат како е да се работи во тим и како дел од камперската заедница. 2) Кампувањето помага во градењето на целосната личност на детето Учењето е многу повеќе од решавање тестови и добивање добри оцени. Кампот е совршена средина за учење и одлично место за социјална едукација на детето, бидејќи дава можност да се испробаат многу нови активности. Совладување на активностите резултира поголема самодоверба. Исто така, со тоа децата се дел од средина во која постојано се дава поддршка и во која активност се реализираат заеднички, кај нив се развива социјални вештини, како и вештини за решавање проблеми. Секојдневно соочување со предизвици поттикнува целокупен личен развој кај камперите. 3) Кампувањето ги држи децата подалеку од технологија Денешните деца поминуваат повеќе од 7.5 часа дневно во користење на технологија, што го намалува времето за суштински практични активности и за социјализација. Повеќето летни кампови имаат забрана за употреба на технологија, односно не е дозволено да се користат телевизори, паметни телефони, таблети и лаптопи. Паузата од технологија за време на летото им овозможува на децата да комуницираат лице во лице и така да остварат непосредна комуникација. 4) На камп доста време се посветува на игри, со цел да се поттикне социјален и емоционален развој кај децата Одржувањето рамнотежа помеѓу училишните обврски, домашните задачи и други активности кои се сепак поврзани со училиштето, не остава многу простор за игра. Американската асоцијација на педијатари изјави дека неструктурираните игри се здрави и непходни за децата, поради тоа што тие им овозможуваат да достигнат значајно ниво на социјален, емоционален и когнитивен развој. Воедно, игрите им помагаат на децата полесно да се справат со стресот. Во таа насока, на традиционалните летни кампови има доста време предвидено за игри со цел да се одржи здрав емоционален и социјален развој. 5) За време на кампувањето децата откриваат многу нови работи за себе Во текот на школската година, учениците постојано се во контакт со истите личности. Тоа може да се доведе до одредено етикирање на некој ученик од страна на соучениците, со што се создава одредена перцепција за тој ученик како на пример, дека е трудољубиво, тивко и сл., но во поинаква средина тоа може да покажува различни карактеристики, осносно може да биде темпераментно. Децата кои одат во камповите се среќаваат со сосема нова група на луѓе во различно опкружување, така што често се случува детето да излезе од рамките на категоризацијата доколку му се даде шанса. За време на кампувањето децата откриваат многу нови работи за себе и за тоа какви би сакале да бидат, што им овозможува да стекнат поголема самодоверба. 6) Кампувањето поттикнува независност Кампувањето им нуди можност на децата да станат понезависни. Без разлика дали станува збор за само еден ден или цело лето, фактот што камперите се разделени од родителите ги тера да научат да се потпираат врз себе и врз други врсници и возрасни. Разделбата од родителите му дава можност на детето независно да размислува и со тоа да ја зголеми својата самодовербa.

Импакт самит GLOW и YMLP 2016 година

Последни новости Импакт самит GLOW и YMLP 2016 година Во сабота, на 28-ми јануари меѓународните училишта НОВА беа домаќини на јануарскиот импакт самит организиран од организациите „Девојки што го водат нашиот свет – (GLOW)“ и „Проект за лидерство на млади мажи – (YMLP)“. Целта на настанот беше да ги собере персоналот и камперите од камповите GLOW и YMLP 2016 година за да ја истакне услугата што камперите и персоналот ја завршија во нивните домашни заедници и во нивниот локален клуб GLOW или YMLP и сами. Настанот исто така беше одличен начин да се соберат персоналот и камперите од GLOW и YMLP 2016 за да се запознаат со она што сите го прават во кампот во летото.