Мониторинг: Битола – Вело град
Во рамките на програмата мобилизатори на заедниците Младинска Асоцијација ИМКА Битола со проектот „Битола – Вело град“ го набљудува исполнувањето на предизборното ветување за реализација на велосипедска инфраструктура во Битола. Мониторингот на изборните ветувања на политичките партии и мобилизирањето на заедницата за барање отчет и исполнување на ветеното е дел од проектот поддршка на изборните реформи. ИМКА е вклучена во овој проект со активности кои подразбираат набљудување на изборното ветување за изградба на велосипедски патеки и инфраструктура во Битола. Во рамките на активностите предвидено е истражување на официјални објави и документи, состаноци со повеќе чинители, анкетно истражување и инфо сесија. Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште и сл.). Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се споделат со јавноста преку: постови на социјалните мрежи, соопштение до медиуми, инфо сесија. Овие активности се спроведуваат во соработка со Стратешки менаџмент системи (СМС) и имаат за цел да го зголемат ангажманот на заедницата за прашања релевантни за нив. „Поддршка на изборните реформи“ е Проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Листата на сите иновативни иницијативи во рамките на овој проект за 2022 и 2023 година може да ја најдете тука.
За вградување, копирај и вметни го ова URL во твојата WordPress страница.
Копирај и вметни го овој код за вградување во вашата страница.