Во рамките на World YMCA сонуваме за свет каде сите млади луѓе ќе имаат пристап до пристојни работни места значајни за нив. За да го оствариме овој сон ние треба да ги сфатиме погледите и искуствата на младите луѓе.
Со задоволство го лансираме истражувањето “Пристојни работни места за млади“, дизајнирано од млади за млади.
Што вклучува:
- Ги повикува младите од 18 до 35 низ целиот свет да споделат што претставува за нив пристојно работно место, нивните очекувања, стравови, потреби, очекувања, и колку подготвено се чувствуваат за работа во иднина.
- Истражувањето е отворено до 15 декември 2023 и ќе ви треба само 10-15 минути да го комплетирате.
Зошто да го пополните:
- Со слушање на гласот на илјадници млади луѓе од целиот свет истражувањето ќе даде силна мотивација базирана на евиденција во дизајнирањето на решенија за младите со младите.
- Ако постигнеме опфат од 400 млади луѓе – нашиот партнер, Deloitte, ќе ни обезбеди македонски извештај врз основа на конкретните резултати од истражувањето за Р.Македонија што ќе ни биде од корист за сите кои работиме со млади.
Потребна ни е вашата поддршка:
- За нашево истражување да биде успешно потребна ни е вашата поддршка да се осигураме дека ќе слушнеме голем број на млади луѓе со различна позадина од сите делови на светот.
- Многу ни значи доколку го пополнете го истражувањето [за 18-35 години] – сакаме да ги слушнеме вашите кариерни цели и искуства и што ви е потребно за да ги постигнете нив.
- Пристапете преку веб страната https://youthmeaningfulwork.com или преку следниов линк: Youth Meaningful Work Survey
- Споделете го истражувањето – многу ќе ни значи доколку го споделите истражувањето преку погорните линкови со групи млади од 18 до 35 години и организации кои ја вклучуваат оваа група на млади со цел да добиеме силен удел како локална заедница во ова глобално истражување.
Потребни ви се повеќе информации?
- Погледнете ја веб страната на истражувањето – https://youthmeaningfulwork.com/.
- За повеќе информации или прашања, ве молиме обратете се до тимот за пристојни работни места: contact@youthmeaningfulwork.com.
Ви благодариме за вашата поддршка за овој значаен проект за нас.