Имаме потреба од надворешен експерт, обучувач за врснички едукатори на млади на тема ментално здравје.
За таа цел спроведуваме постапка со повик за прибирање на понуди.
Доколку сте или познавате некој кој одговара на нашите потреби објаснети во техничката спецификација ве молиме контактирајте не согласно насоките во повикот.
Во прилог на овој повик, објавуваме информации за понудувачите со задолжителни барања кои што треба да ги содржи нивната понуда.
Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.