Доколку се интересирате за подобрување на благосостојбата на ментално здравје за вас и вашите врсници ве повикуваме да се вклучите во нашата програма за врсничка едукација.

Што нудиме

Програма за врсничка едукација за подобрување на ментално здравје ќе се имплементира во текот на целата учебна 2023/2024 година. Истата ќе вклучи 58 врснички едукатори од Битола и е поделена на два дела. Во првото полугодие ќе понудиме серија на обуки за врснички едукатори на неколку теми поврзани со ментално здравје. Обуките ќе се реализираат во општинскиот младински центар во Битола. Во второто полугодие ќе се реализира врсничка едукација во училиштата и факултетите во Битола.

Кој може да аплицира?

Од Битола и околината кои се мотивирани за да научат повеќе за темата, но и да споделат дел од стекнатите знаења и искуства со своите врсници во нивните училишта.

Како да се пријавите

Со пополнување на формуларот на овој линк: https://bit.ly/YMCA-PeerEducators

Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата и факултетите. Ве очекуваме!

Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.

Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект