ВЛИЈАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА: Поддржете ги камповите GLOW и YMLP и овозможете им на новите генерации млади да бидат дел од нив
Кампот завршува. Влијанието продолжува.
Веќе со години, камповите GLOW (Girls Leading Our World) и YMLP (Young Men’s Leadership Project) им овозможуваат на младите од Македонија да стекнат самодоверба, да ги развиваат своите лидерски вештини, да создаваат пријателства и да го откријат сопствениот потенцијал.
Пандемијата COVID-19 го прекина одржувањето на двата кампови. По неколкугодишна пауза, ИМКА во 2023 и 2025 година повторно организираше дневни кампови, а во летото 2026 година ги врати и националните кампови со ноќевање. Со тоа, младите повторно добија можност да поминат неколку дена надвор од своето секојдневие, да запознаат врсници од различни места, да се соочат со нови предизвици и да научат нешто ново за себе и за другите.
Со „Влијанието продолжува“, ИМКА собира средства за да ги подобри и прошири камповите GLOW и YMLP во 2027 година. Поддршката ќе биде насочена кон три области:
Со секоја донација помагате повеќе млади да добијат можност да учествуваат, да стекнуваат нови вештини и искуства и да создаваат пријателства што ќе продолжат и по завршувањето на кампот.
Вашата донација овозможува:
500 ден. / $10 Материјали за лидерски работилници
1.000 ден. / $18 Авантуристичка активност на Пелистер за еден учесник
2.000 ден. / $35 Опрема за спортски активности на отворено и едукација за животната средина
3.000 ден. / $55 Комплет шатор за еден тим
7.500 ден. / $135 Целосна стипендија за еден кампер
15.000 ден. / $270 Стипендии за двајца кампери
22.500 ден. / $400 Стипендии за тројца кампери
50.000 ден. / $900 Главно спонзорство на кампот GLOW или на кампот YMLP
80.000 ден. / $1.450 Авантуристички активности за учесниците на двата национални кампови
Обновувањето на камповите не би било можно без поддршката од луѓето и организациите кои веруваат во нивната вредност. Меѓу нив се поранешни волонтери на Мировниот корпус, поранешни членови на тимовите на камповите кои денес живеат во странство, организации од дијаспората, како и поранешни учесници и членови на тимовите од Македонија.
Врските што се создаваат преку програмите на ИМКА не завршуваат со последниот ден од кампот. Многумина од поранешните учесници подоцна се враќаат како инструктори на камповите, ментори или волонтери, а стекнатите знаења и искуства ги применуваат и во своите заедници. Пријателствата, самодовербата и желбата да се преземе иницијатива се дел од она што останува и по завршувањето на кампот.
Следните национални кампови ќе се одржат во времетраење од пет дена (со четири ноќевања), во следните термини:
Камповите ќе се одржат во Битола и Националниот парк Пелистер, а ќе соберат млади од различни градови и заедници низ Македонија. Преку работилници, тимски активности, престој во природа и заеднички предизвици, учесниците ќе имаат можност да ги развиваат своите лидерски вештини, да стекнуваат нови пријателства и да создаваат спомени и искуства што ќе ги носат со себе и понатаму.
За камповите GLOW и YMLP да продолжат да им бидат достапни на младите, потребна е поддршка од заедницата. Можете да помогнете на неколку начини:
Секоја поддршка значи уште една можност некој млад човек да биде дел од овие кампови и да стекне искуства што ќе му користат и долго по нивното завршување.
Кампот завршува. Пријателствата остануваат. Лекциите остануваат. Самодовербата останува. Влијанието продолжува.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative