Последни новости

Воведна обука за персонал на кампови 2019

На 23 март 2019 ИМКА Битола беше домаќин на целодневната обука за камп персоналот, која се одржа во Меѓународното училиште „Нова” во Скопје. На настанот присуствуваа 80 фасилитатори, инструктори, инструктори во обука и персонал за поддршка во рамките на Младинскиот лидерски проект (YMLP) и Девоките го водат нашиот свет (GLOW) – нашите програми за развој на лидерството. ИМКА исто така ги поздрави и новите два медиа – практиканти: Иво Дамановски и Вера Солевска, кои ќе бидат ангажирани како поддршка на нашиот тим за комуникации и социјални медиуми.

Дневните сесии ги започна лидерскиот тим на ИМКА – Виктор Илиев, Јовче Крстески и Маркус Харис. Лидерскиот тим ги пофали различните етнички, верски и географски потекла на овогодинешниот персонал, како и ги претстави очекувањата на персоналот на YMLP и GLOW. По воведните забелешки, учесниците имаа можност да се поделат во работни групи за да дискутираат на теми како што се: Ефективно јавно говорење и фасилитирање, поставуванье / собирање на камповите и управување со бихевиоралните прашања меѓу другото. Имаме енергичен тим кој се подготвува за YMLP и GLOW 2019 и знаеме дека оваа ќе биде надобрата година досега! Веќе напорно работиме на дизанирањето на распоредот и регрутираньето на овогодинешната група на кампери и би сакале особено да им се заблагодариме на „Нова” Интернационално училиште за отвореноста за нашиот настан, како и на нашите корпоративни спонзори Окта, Мермерен Комбинат, ТАВ Аеродроми и Кромберг и Шуберт за спонзорирањето на активностите во свој ден. Овој настан не би бил голем успех без вас!

2019 GLOW+YMLP Staff Orientation