Младинскиот Центар низ бројки 2024

Во мај 2023 година, во Битола беше отворен Младинскиот центар, се со цел да обезбедиме безбеден и инклузивен простор преку различни програми, активности и менторство, каде што имаме за цел да го поттикнеме личниот развој, да негуваме лидерски вештини и да создадеме чувство на припадност кај младите. Со Младинскиот центар раководат 3 младински организации од Битола, ИМКА Сфера Интернационал и МКЦ. После успешно поминатата 2023 година, со вкупно опфатени 2 651 корисници и повеќе од 200 одржани активности, продолжи работата на младинскиот центар со уште поголем ентузијазам и желба за што поголем број на учесници и активности. Во однос на осумте претходно поставени конкретни цели на овој центар, се понудија програмски активности кои во голема мера се исполнети. Овозможен е безбеден простор каде младите можат да си го поминуваат своето слободно време, да ги развиваат своите компетенции, да им се поттикне претприемачкиот дух, промовирани им се здрави животни навики, како и подигање на еколошката свест, информирање за можностите за неформално образованиe, зајакнување на активното граѓанство и промовирање на волонтерството. Во периодот на известување од 01 јануари до 31 декември 2024 година: – беа опфатени 4,469 корисници преку 300 различни активности, од кои голем број од нив се одржуваа повеќекратно. Активностите беа понудени од страна на младинските работници на МЦБ или од различни понудувачи на младинска работа, односно над 15 различни понудувачи за младинска работа ги користеа просторите на Младинскиот Центар Битола за да ги остварат своите активности. Најпосетувани теми беа: дигитално образование, ментално здравје, животна средина, младинско учество и младински политики како и забавните/друштвени активности. Би сакале да издвоиме две програмски активности, водени од ИМКА: Резултатите од работата на МЦБ во периодот од 01 јануари до 31 декември 2024 година се доказ на посветеноста за континуирано работење и организирање активности со цел професионален и личен развој на младите во Битола, како и за поттикнување на нивно учество во донесувањето одлуки значајни за нив во нивната локална заедница. Успехот на програмите е очигледен најмногу преку континуираното зголемување на бројките на посетеност на активностите на младинскиот центар, со што во годишниот период за 2024 година се достигнати поголеми бројки од вкупните посетители во минатата 2023 година. Тоа е резултат на посветеноста на организациите кон унапредување на МЦБ и зголемување на неговата препознатливост кај младите. Целосниот годишен извештај на младинскиот центар на македонски јазик е достапен на веб-страницата на Младинскиот центар.
Промоција на безбедна училишна средина

Во декември како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, ИМКА одржа серија од три работилници во основното училиште во Општина Могила. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ е обемен проект на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Smart Up – Лабараторија за социјални иновации како и со поддршка од Детската фондација Песталоци. Се спроведува во периодот од септември 2023 до август 2026 година. Проектни активности Целта на овие работилници беше да се изгради капацитетот на детската организација за да може да спроведе училишни иницијативи кои можат да придонесат за градење побезбедна училишна средина. На работилниците присуствуваа претставници на учениците од повисоките класови, вклучувајќи ги сите претседатели на класовите, нивните заменици и детскиот правобранител на училиштето, на возраст од 12 до 15 години. Почнавме прво да ги подобруваме комуникациските вештини на студентите, да ги запознаеме со концептот на истражување и да им понудиме можност да вежбаат со цел подлабоко разбирање на сè што опфаќа истражувањето. Како дополнителна активност тие мораа да спроведат истражување во нивното училиште, вклучувајќи анкети, прашалници или интервјуа. На последната работилница тие ги разгледаа резултатите и ги оценија во насока да ги разберат и да излезат со релевантни училишни иницијативи. За таа цел за прв пат се запознаа со елементите на проектна иницијатива (што значи проект, кои се фазите на проектниот циклус итн.). Учениците се стекнаа со основни познавања од овие теми кои ќе им бидат корисни во следната фаза од овој проект во пролет 2025 година. Ученичка иницијатива Иницијативата за отворање безбедно катче за учениците ќе се реализира во второто училишно полугодие. Планирано е ова катче да биде во самиот училиштен ходник кое ќе се состои од 5-6 вреќи за седење и неколку маси каде учениците ќе имаат можност да разговараат со психолог за проблемите во нивното секојдневие. На самиот ѕид ќе имаат можност да исцртаат мотивациони пораки, кутија оставена за пофалби и поплаки каде ќе можат анонимно да ги пријават своите забелешки за училиштето, вработените во училиштето, нивните проблеми и слично. Целта на иницијативата е дека ќе го подигне нивото на безбедност кај учениците, стручната служба и училишниот персонал и оваа иницијатива ќе придонесе за подобра училишна средина за оваа генерација ученици.
Национална конференција за младинска работа

На 19.12.2023 година во Скопје се одржа најголемата национална конференција за младинска работа во нашата држава. Пред повеќе од 100 присутни гости свои поздравни обраќања имаа Андреј Наумовски, претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорги Тасев, соработник на Претседателот на Владата за млади и младински политики и Јовица Митевски, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На конференцијата свечено беа доделени и сертификати на 13 лица кој ја поминаа обуката и се стекнаа со звање работник со млади. Меѓу нив беше и Наташа Дарков, која е дел од тимот на ИМКА Битола. Низ два панели се разговараше за „Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“. Претставниците од државните органи и градоначалници најавија континуирана поддршка за процесите на валидација и целосно воспоставување на младинската работа како професија и поттик на процесот на основање младински центри низ целава држава. Претставниците од младинскиот сектор вклучувајќи ги Сојузот за младинска работа, младинските центри и младинските работници нагласија дека младинските работници и младинските центри се клучни за спроведување на квалитетна младинска работа. Нивното препознавање и поддршка ќе значат и создавање на средина за поддршка за раст и развој на младите. Тие исто така говореа за важноста на обуката за работник со млади и професијата младински работник за правилен развој на младите. Претставниците на другите институции поддржувачи на развојот на младинската работа во државава ја изразија нивната поддршка исто така. Филозофски факултет изјавија за поддршката која ја даваат преку студиите од втор степен по младинска работа кои се први постдипломски студии по младинска работа во регионот за кои се предвидени и стипендии. ГИЗ кои ја истакна значајноста на соработката и насоченото дејствување на странските донатори во согласност со понудувачите на младинска работа на локално и национално ниво. Вклученоста на ИМКА како организација во овие процеси е на високо ниво. Јовче Крстевски, сертифициран младински работник, е дел од персоналот на младинскиот центар во Битола, е член на базата на оценувачи на квалитет на младинските центри формирана при Агенцијата за млади и спорт и беше еден од панелистите на настанов. Дополнително на тоа, на настанов Наташа Дарков по цела година исклучителен ангажман со групи на млади го завршени интензивен курс за серифицирање за младинска работа доби и формално звање „работник со млади“ од Агенција за млади и спорт и Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work. Јовче Крстески оваа година помина низ процес на обуки и пракса за примена на методологија за кариерно советување и насочување на младите ProfillPASS, која е развиена од Германскиoт институт за образование на возрасни – Центарот за доживотно учење Лајбниц Deutsches Institut für Erwachsenenbildung.
Обука во Пловдив за НЛП: отклучување на потенцијалот на умот

Од Јове Крстески Познато е дека невро-лингвистичкото програмирање (НЛП) е методологија која ја истражува динамичната врска помеѓу јазикот, невролошките процеси и моделите на однесување. Тоа е разновиден пристап кој нуди разбирање на човековото однесување, комуникација и личен развој, а исто така и практични техники за подобрување на личниот раст, подобрување на комуникацијата и донесување позитивна промена преку разбирање на врските помеѓу мислите, употребата на јазикот и субјективното искуство на личноста. Од 31 август до 10 септември 2023 година во Пловдив, Бугарија се одржа курс за обука наречен „НЛП – Нова јазична практика“ кој се базираше на вежби од невро-лингвистичкото програмирање. Го организираше Здружението Кибела во соработка со Фондацијата Смокиња и Центарот за развој на човечки ресурси од Бугарија, а беше кофинансиран од Европската Унија. На оваа обука имаше учесници од Бугарија, Шпанија, Србија, Полска, Македонија, Латвија, Италија, Унгарија, Грција, Франција, Естонија и Чешка. Ако го резимираме она што го добивме од оваа обука, можеме да кажеме дека голем дел од основите во практиката на НЛП беа широко елаборирани на овој тренинг и имавме многу време да работиме со практичните вежби што ни беа дадени. Ако зборуваме поконкретно, во теоретскиот дел, го поминавме основниот мета-модел на НЛП (како што е објаснето од Bandler и Grinder, 1975), а потоа го елабориравме и дополнително низ „моделот од третата генерација“ на меѓусебното поврзување помеѓу физиологијата, јазикот и умствените карактеристики. Имавме можност накратко да се запознаеме со 5-те „Р“ присутни во било кој даден „сетинг“ ( Ресурсите што ги имаме и ги користиме како влез во тој „сетинг“, потоа улогите /Roles/ што се играат, односите /Relationships/ што се случуваат, правилата /Rules/ што се потребни да се следaт со цел овој да биде соодветен како „сетинг“ и на крајот како излез Резултатите што се добиваат). На овој начин, одредени улоги што треба да ги знаеме се оние кои ги учиме како поставување на триото AБЦ, каде што личноста „А“ зборува/споделува, „Б“ учи/слуша и „Ц“ набљудува. Штом ќе се воспостави даден „сетинг“ или ситуација, главната филозофија на сè е дека што и да набљудуваме, нашето толкување за таа ситуација е нешто поинакво (ова е елаборирано и како разлика помеѓу „настан“ и „приказна“ во која било дадена ситуација). Ова ни беше донесено заедно со главната идеја на НЛП дека „мапата не е територијата“. Најинтересен додаток овде беше фактот дека „најфлексибилниот дел од секој систем обично е делот кој што го контролира тој систем“. Беше спомната и калибрација на нашиот влез/излез, т.е калибрацијата на она што го доведуваме во ситуацијата, како и на она што го земаме или добиваме од неа. Ова беше рекапитулирано по неколку дена низ точки на набљудување која што ни ги дава теоријата (види флипчарт). Беа обработени и репрезентативните системи на личноста (Визуелниот, Аудитивниот, Кинестетичкиот како што се споменати во „NLP Volume 1“ од Dilts, Binder, Grinder и DeLoiter од 1980 година, но исто така и Дигиталниот беше вклучен во обуката.) Беше спомната и техниката eye accessing cues. Од попсихолошка гледна точка беше претставена шемата за тоа колку свесното/несвесното може да се гледа низ однос на тоа што е компетентност и неспособност, а покрај тоа беа елаборирани и „претпоставките“ во однос на информациите што се имплицитни во комуникацијата што се случува во било кој даден сетинг. Следен дел од обуката беше истражувањето на тоа каков треба да биде правилниот став на тренерот, како и компетенциите што треба да ги поседува (види флипчарти), околу кои се водеше дискусија. После тоа, обуката ни понуди многу простор за вежбање. Формиравме триа и имавме шанса да ги видиме, а подоцна и да експериментираме со неколку практични алатки. Беа понудени неколку техники за разговорни вежби (backtracking, lazy coach, рефлексија на чувствата, ткн „слободно пукање“ на прашања) кои се користат за време на дијалогот и помагаат да се овозможи одредена објективност. Потоа, се запознавме со техниката „хопонопоно“. Исто така, имавме специфичен инструктор кој ни даде можност да го вежбаме гласот, тонот и вербалните изрази. Со ова, целата застапеност на ВАК кај учесниците беше задоволна, бидејќи користевме многу шеми во флипчарти за објаснување – за Визуелците, ова со гласовна обука – за Аудитивците, а целиот сет на посветен простор и време за вежбање беше – за Кинестетските/ Дигитални личности. И секако, беа присутни и потипичните пракци на НЛП; рапортот, закотвувањето /anchoring/ и реформулирањето /reframing/. Беше објаснето и како можеме да користиме временска линија /timeline/ како техника за елаборирање на лични прашања, а исто така еден од учесниците понуди техника за работа со нашите лични ограничувачки верувања. Невро-лингвистичкото програмирање нуди ризница на практики и техники за подобрување на комуникацијата, управување со емоциите и трансформирање на нечија перспектива за животот. Многу од практиките на НЛП ги поттикнуваат поединците да се поврзат подлабоко со другите, да преземат одговорност за нивните емоциионални реакции и да се ослободат од ограничувачките верувања. Со вклучување на овие практики во нивните животи, поединците можат да тргнат кон личен раст, самооткривање и подобрени односи, на крајот ослободувајќи го својот целосен потенцијал. Ова е точно и корисно во психотерапевтски контекст, но и на полето на младинската работа. Многу од техниките може да се модифицираат за да послужат како алатки за зајакнување на младинските работници. Тоа секако ми помогна да научам повеќе и да станам посвесен за корисноста на дијалошките техники и користа што ја имаат во однос на меѓусебниот работен контекст помеѓу младинските работници и младите луѓе, особено ако имаме предвид дека младата возраст е возраст на личен развој. Сите техники кои носат повеќе појаснување ВО РАЗГОВОРОТ се од корист. Но, исто така, оваа обука обедини толку многу учесници од различни возрасти и животни искуства, тоа беше мешавина која беше корисна и додаде повеќе во групно учење што сите го имавме. Се чувствував задоволно на крајот и уживав во овој тренинг, кој ми помогна да видам колку сите овие техники можат да бидат корисни за работа со младите луѓе.