Иницијатива за поттик на нашата мисија во Западен Балкан
Од 13-ти до 16-ти октомври, нашите претставници беа присутни на состанокот на Иницијативата за Западен Балкан, чиј домаќин е ИМКА Косово. Програмските сесии беа дизајнирани околу интеграцијата на мисијата и визијата на ИМКА од Македонија, Албанија, Косово и Србија и воспоставувањето на светла иднина заедно во рамките на нашето движење. Покрај претставниците на Иницијативата за Западен Балкан, на состанокот имаше и неколку гости кои дадоа свој придонес во програмата како што се Клаудија Кун од CVJM (ИМКА Германија) со инпути за развојот на програмите, Пол Смајли од ИМКА Европа со придонес за подобрување на управувањето во организациите, Мариус Поп од ИМКА Европа за стратешки партнерства со придонес за соработката со корпоративниот сектор, Том Валентин од ИМКА од САД со инпути за перспективите и поддршката за регионот во иднина и Енди од тимот за комуникации на ИМКА Европа. Програмата понуди неверојатна можност за размена на добри практики, запознавање со локалните младински лидери и посета на центрите на ИМКА низ целата земја, вклучувајќи го и новиот Камп Пјетершан. Нашиот престој беше во градот Пеќ со работни сесии одржани во локалната ИМКА – импресивен мултифункционален објект кој располага со различни програми за обука за млади. Тоа беше одлична можност да се даде отчет за секоја организација и нивниот развој за време на иницијативата и плановите во светлината на ветувачките партнерства и потенцијалните идни активности. Беше одлично време да се потсетиме на сите вредности, спомени и искуства што го собраа раководството на Иницијативата за Западен Балкан – продолжувајќи да ја фокусира својата работа на регионалните планови, идните чекори, предизвици и можности за претстојната година. Во однос на постигнувањата, вреди да се спомене дека некои ИМКА добија нови општински простори и договори, приходот на секоја ИМКА се зголеми во текот на целата иницијатива, започнаа нови партнерски проекти (во регионот и на меѓународно ниво), дополнителен фокус даден не само на лидери, но и на персоналот и членовите на одборот. Со преку 20 дигитални состаноци (тим и 1 до 1) плус студиски посети на сите ИМКА организации оваа година регионот полека расте и оди во вистинската насока – со уште многу работа што треба да се направи. И круната на нашето патување – Кампот Пјетершан – импресивен камп на ИМКА во има капацитет за сместување 70 млади луѓе и нуди прекрасни капацитети како спортски и тренинг објект, камп сала и канцеларии, бунгалови, камперски оган – простор што може да се користи за повеќекратни активности на отворено и одличен пример на проект со локална, национална и меѓународна поддршка. Бевме инспирирани од овој состанок, воодушевени од издржливоста и одлучноста на тимот и индивидуалната работа на сите ИМКА организации кои создаваат промени во нивните заедници – и благодарни сме што сме дел од неа.
Стратегија на иницијативата на Западен Балкан на ИМКА
Иницијативите кои обединуваат и кои повикуваат на заедничко барање на решенија во интерес да се понудат поквалитетни и поодржливи програми за младите од регионот секогаш се должни за почит. Последнава декада ИМКА организациите во Западен Балкан се развиваа со несмален капацитет и стигнаа до ниво да нудат квалитетни програмски активности за младите во регионов. Но последниве 2 години со пандемијата од Ковид-19 ни покажаа една поинаква реалност и повеќе или помалку извадија одредени аномалии и недостатоци во функционирањето на организациите. Иако до некаде во слични или различни нивоа на организациски развој и контекст на делување, ИМКА организациите од Албанија, Косово, Македонија и Србија во пролет 2021 почнавме со заеднички онлајн состаноци со цел разговарање на новата нормалност која ни се наметна и дискутирање по однос на организациските проблеми со кои се соочуваме во моментов. Па така, како клучни области во кои треба да се зајакнеме во следниот период се областите на добро управување, управувачки структури, работа на активности на проектна основа, зависност од грантови, слаба одржливост на проектите, слаба координација на регионално ниво и спремност за настап со заеднички ЕУ проекти на поголеми проектни апликации. Во неколкуте одржани заеднички состаноци покрај тоа што ги согледавме предизвиците и полињата во кои треба да делуваме исто така работевме на припрема на заеднички проектни апликации и при што поднесовме две. Иницијативата продолжува со несмалена динамика и во 2022 во која се надеваме дека со намалувањето на притисокот од пандемијата ќе можеме конечно да имаме и состаноци со физичко присуство. „Иницијативата за Западен Балкан“ започна и со активности кои подразбираат регионални посети на партнерите. На првиот физички состанок после долго време од кога започна иницијативата, се сретнаа сите вклучени земји Македонија, Србија, Косово и Албанија во канцеларијата на ИМКА во Косово. Се разговараше поподробно за поврзаноста на националните стратегии и како тие заедно се вклупваат во еден поголем, балкански наратив. Со нетрпение очекуваме што ќе им донесе оваа група на младите од Западниот Балкан! Повеќе фотографии од средбата може да видите тука.
Иницијатива за Западен Балкан на ИМКА
Иницијативата за Западен Балкан започна во периодот на пандемијата и со идеја за подобрување на самоодржливоста, доброто владеење и споделувањето идеи за стратешко финансирање како ИМКА групација во балканскиот регион. Водачите на ИМКА во Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија одржуваат редовни состаноци на кои разговараат за заедничките стратегии и националните планови со цел да се создаде акционен план за оваа иницијатива за Западен Балкан. Целта е да се развие секое локално движење на ИМКА во регионот, да се допре до повеќе заедници со овој заеднички напор, при тоа споделувајќи ја мисијата и визијата на ИМКА. Следете ја нашата страница на Фејсбук за новости во врска со оваа иницијатива!