630 млади вклучени во клубот за дигитално образование

Дигитална писменост, вештина која денес е еднакво важна како читањето и пишувањето, е способност граѓаните ефективно да користат компјутери на своите работни места и во секојдневниот живот. Способноста за користење на уреди за игри и забава не е дефиниција за дигитална писменост кај младите. Дигиталната писменост е многу повеќе од прифаќање на новите технологии, користење на социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео содржини. Таа е способност за користење на дигиталните технологии како алатки за создавање, селектирање и поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, и нивна употреба за подобрување на ефективноста во која било област–учење, работа, и сл. На 22.03.2023 година започнавме со првиот термин за курсеви и досега имаме 110 термини со вкупно 630 учесници (од кои 50% се женски, а 50% се машки лица), поминати околу 30 различни курсеви од категориите маркетинг, комуникации, финансии и стартап/иновации. После 9 месеци испорака на активностите поврзани со курсевите за дигитално образование на ИМКА во соработка со HP би сакале да споделиме со вас дел од наодите од евалуациите кои ги пополнуваат учесниците. Среќни сме од фидбекот кој го добиваме од учесниците кои ги опишуваат курсевите како лесни за следење, интересни, интерактивни, би ги препорачале на свои пријатели и скоро сите сакаат да дојдат пак на некоја нова тема. Во последните неколку години низ нашата земја се создадени десетина младински клубови. Ова беше една од најпосетените програми! Ние сме многу среќни со влијанието што го создадовме. Во прилог следуваат одговорите на учесниците за тежината на курсот и нивната идна вклученост во истите. Во прилог споделуваме дел од најчестите коментари кои постојано се повторуваа во однос на тоа што им се допадна на курсевите: Прочитајте подолу сведоштва на дел од учесниците во програмата

Впечатоци од учесници од програмата за дигитално образование на ИМКА и ХП

Марта Јас сум Марта од Крушево, a моментално учам во средното медицинско училиште во Битола. Курсевите ги дознав преку пријателка од ИМКА, преку постови на Фејсбук и Инстаграм. Посетив пет курсеви и во иднина планирам да посетам сигурно уште неколку. Курсевите се интересни за следење, задржуваат внимание, а атмосферата во Mладинскиот Центар е хармонична и пријатна. Овие курсеви кои досега ги следев и искуството кое го стекнав од нив планирам да ги искористам за лична кариера и развој, и секако би споделила на мои пријатели и познаници за бенефитите од истите. Антим Јас сум Антим Атанасоски, 18 годишен од Битола. Ми беше чест да посетам четири курсеви направени од HP, а имплементирани во соработка со ИМКА. Еден од курсевите кои најмногу ми се допадна е социјално претприемништво кој беше многу практичен и информативен, за разлика од другите курсеви од овој тип кои сум ги посетил на интернет. Наученото од курсот може да се користи практично секој ден од животот. Секако дека планирам да посетам и други курсеви во иднина, затоа што верувам дека од секој курс има многу да се научи. Љупчо Прво сакам да кажам дека дигиталното образование не е само учење нови вештини, тоа е најбитно за развојот на начинот на размислување за раст и прифаќање на континуирано подобрување. Јас сум Љупчо од Битола, за курсевите дознав преку ИМКА во која сум волонтер и имам учествувано на многу настани и работилници организирани од нивна страна. Само што ја видов апликацијата на социјалните мрежи веднаш се пријавив без да размислувам дали тоа ќе биде интересно или дали ќе ми биде од полза и искрено да ви кажам не направив грешка! Посетив пет различни курсеви од категориите комуникации и маркетинг како најсоодветни теми за мене. Сметам дека секој млад човек треба да ги изучи овие курсеви кои многу ќе му користат во животот, во секојдневието и во потрагата по работа. Моментално работам во странство, но по моето враќање во Битола повторно ќе се пријавам за курсевите, особено за темата иновации. ИМКА и HP ви благодарам за оваа можност што ми ја пруживте, се гледаме за скоро време повторно! Елена Да си вработен и да бидеш истовремено родител е многу потешко отколку што изгледа, јас сум Елена Иванов 28 години, од Битола. Во Младинската Асоцијација ИМКА сум неколку години, со кратки паузи. Мојата работна позиција е офис менаџер. Изминатите години работевме на неформално образование и организиравме летни кампови, но после големата пандемија што се случи можам да кажам дека HP курсевите се нaјдоброто нешто што се случи во ИМКА. Покрај секојдневните обврски сепак имав можност да поминам неколку курсеви од темата комуникации, затоа што тоа е она што најмногу ме привлекува и би сакала да споделам со вас дека курсевите за бизнис е-маил и бизнис комуникација се курсевите кои морате да ги посетите. Тие не се долги максималното време што ќе треба да го одвоите е 1 час.  Би била многу среќна ако се одлучите и вие да ги посетувате овие курсеви на HP Life програмата и секако сакам да се заблагодарам на HP и на ИМКА за оваа одлична можност на бесплатни курсеви во нашиот град. Филип Здраво, јас сум Филип Божиновски и имам 17 години. Сакам да кажам дека ги завршив сите курсеви од проектот HP Life и можам да кажам дека сум прилично задоволен. За курсевите на HP Life дознав од моето училиште СОУ Гимназија ,,Јосип Броз – Тито” – Битола. Преку овие курсеви, се стекнав со прилично корисни и добри вештини во кои што се пронаоѓам себеси во иднина. Мојата желба е понатаму да студирам на факултет чија задача e да не запознава со вештините кои ја користат технологијата и му помагаат на човештвото. Курсевите се лесни, кратки, потполно онлајн и пред се, бесплатни. Јас лично би му ги препорачал на сите мои пријатели и познаници овие курсеви како почеток за стекнување на корисни компјутерски вештини кои можат да му помогнат на сите, пред се и на млади личности кои се заинтересирани за да основаат свој бизнис или пак да ги надградат своите компјутерски вештини. Во моментов, го завршив својот последен курс, а пак како свој омилени можи да ги издвојам курсевите за комуникација, како и курсот победнички мајндсет. Му благодарам на ИМКА и HP бидејќи пружаат услови за брз начин на изучување на корисни вештини. Јана Од моето досегашно искуство знам само дека дигиталното образование ми отвора свет на можности. Се викам Јана, доаѓам од Битола, а живеам и студирам во Франција. Имам доста напорен распоред и многу сум среќна што во моментот сум баш на вистинското место каде што имам пристап до висококвалитетни курсеви кои ми помагаат да бидам во тек со најновите трендови во мојата индустрија 3Д принтинг, сето тоа благодарение на ИМКА и HP курсевите. Имав можност да одберам дали курсот сакам да го слушам на англиски јазик или на француски и го избрав францускиот затоа што  тој избор е навистина од големо значење за мене. Курсевите се лесно разбирливи, не се долги и најважно од се е тоа што добив и сертификат за успешно завршен курс и сето тоа бесплатно! Дечки се надевам дека ќе успеете да најдете барем еден час во неделата и да го посветите само за вас и ќе се надградувате пред се како личности. ИМКА и HP ви благодарам за можноста што ми ја пруживте, се гледаме повторно тоа е сигурно! Андреа Како една од најредовните посетители во Младинскиот центар, која редовно доаѓа на разни настани и работилници, дознав и за HP life курсевите. Тоа се курсеви за дигитална писменост кои ги води Наташа од ИМКА. Научив многу нови работи кои обично би требало да ги научам на училиште, но за жал во нашето образование тоа не постои. После неколку изучени курсеви одлучив да ги препорачам на моите соученици, бидејќи сметам дека секој треба да се едуцира за основни работи, затоа што живееме во време каде што речиси се е дигитално. Исто така морам да напоменам дека секој пат кога присуствувам на било кој  курс од HP life се здобивам со познанства со други ученици, знаење и

Преглед на програмата и можностите за дигитално образование на HP & YMCA

Целта на соработката меѓу HP и ИМКА е да се користи технологијата на добар начин, да се постигне дигитална инклузија преку овозможување пристап до технологија и дигитално образование до секој на лесен и интересен начин. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Истите се лесни, интерактивни, исполнети со кратки видеа, дијалози, слики и квизови. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Секој курс содржи 5 чекори: краток опис на курсот, бизнис концепт, вештини за технологија, анкета и дополнителни ресурси од темата. Темпото на изучување на еден курс е по желба на учесникот. Откако ги завршите сите 5 чекори (100%) курсот е успешно завршен. За секој завршен курс на вашиот е-маил добивате електронски сертификат со наведени информации за конкретниот курс, што се научило во истиот, дата на изучување и потпис од заменик директорот на HP фондацијата. Секој курс се изучува индивидуално во ИМКА во Младинскиот Центар со целосна техничка опрема од наша страна. Алтернативно постои можност за спроведување на курсевите во просториите на образовните институции во Битола. Учесникот нема обврска за носење опрема, посебни предзнаења за одредена тема или услови за изучување на одреден број на курсеви. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени до 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Прочитајте подолу за да дознаете повеќе за овој проект

Курсеви за дигитално образование на HP LIFE во Битола

Можности за дигитално образование во Битола Како дел од долгорочна соработка на ИМКА и HP овој април започнавме со одржување на курсеви за дигитална писменост за младите од нашиот град. Курсевите се направени од експерти во своите области од компанијата HP а спроведувани од младински работници на ИМКА. Сметаме дека овие курсеви се корисни за додавање вредност на наставниот план по информатика во училиштата, како и за практична употреба во нашето секојдневие. Курсевите се кратки во траење од 20 до 50 минути во пет теми со по неколку курсеви во секоја од нив. Понудените курсеви се од темите: комуникации, финансии, логистика, маркетинг и стартапи/иновации. Курсевите се со отворени термини каде може СЕКОЈ ДА СЕ ПРИЈАВИ, како и резервирани термини понудени за групи/институции кои работат со млади. Групите се ограничени од по 10 учесници на курс. Курсевите се: потполно бесплатни за секој со функционален емаил, средно познавање на англиски јазик и желба за учење и надградба на своите знаења. Курсевите се одржуваат во просториите на Младинскиот центар – Битола, на улица Крушево 5 во месната заедница Вељко Влаховиќ. Дигитални хабови во Западен Балкан Надоврзувајќи се на тој успех од 2022, оваа година ИМКА Свет и HP ја прошируваат иницијативата за да допрат до што повеќе луѓе и дополнително да го затворат дигиталниот јаз. Во таа насока во 2023 програмата се прошири со дигиталните хабови на Западен Балкан по иницијатива на ИМКА, а овозможена од HP помагајќи им на ИМКА во Косово, Албанија, Србија и Македонија да ги прошират постоечките или да создадат нови хабови за дигитално образование за да им овозможи на младите луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници, наставниците и младинските работници да стекнат поголеми можности за образование и вработување. Иницијативата во Западен Балкан цели кон опфат од 25.000 луѓе годишно премостувајќи го дигиталниот јаз и обезбедувајќи еднаков пристап до дигиталните алатки и ресурси. За таа цел ИМКА ќе работи и соработува со млади луѓе, училишта, центри за вработување, бизниси, младински работници и наставници за да создаде дигитална еднаквост во регионот на Западен Балкан. ИМКА во Косово има за цел да ја подобри својата репутација како дигитален провајдер и да ги ангажира младите луѓе на признати курсеви кои ги зголемуваат нивните биографии. Во Србија фокусот е да се направи дигитален хаб достапен секојдневно и да се постигне дигитална еднаквост. Во Македонија целта е да се иницира долгорочна програма за дигитално образование. Во Албанија планот е да се обезбеди лесен пристап до дигиталниот хаб за основните и средните училишта и другите категории на луѓе. Почеток на успешната соработка на World YMCA со HP Во 2022 светската ИМКА и Фондацијата на HP започнаа партнерство за забрзување на дигиталната еднаквост на младите луѓе и маргинализираните заедници ширум светот. Седум ИМКА асоцијации ги интегрираа курсевите на HP LIFE во нивните програми за подобрување на дигитална писменост и поттикнување на младите луѓе во нивните заедници активно да учествуваат во сè подигитализираниот свет. HP LIFE е програма на компанијата HP која работи на постигнување на целите со опфат од 150 милиони луѓе до 2030 година и проширување на програмата во 50 земји (ИМКА има присуство во 120 земји). Курсевите за обука на HP LIFE за дигитални вештини во 2022 година опфатија повеќе од 1.300 ученици главно на возраст од 15 до 26 години. ИМКА Свет во стратегијата „Визија 2030“ на исто така вклучува дигитална еднаквост бидејќи поттикнува образование, вработување и претприемништво во заедниците ширум светот. Со продолжување на глобалната соработка на HP со ИМКА може да се допре до младите луѓе во заедниците каде што живеат денес давајќи им пристап до практични деловни и ИТ вештини кои може да им помогне да напредуваат.