Од Петар Кузмановски и Виктор Зафировски

Од 1-8 јуни во Равногор, Бугарија беше одржан синерџи тренинг организиран од тимот на Синерџи Бугарија кој спроведува вакви тренинзи за личен раст и развој. Тренингот беше воден од страна на Маркос и Јулија, лидерите на Синерџи Бугарија и беше со наслов ‘Charge your future” или во превод „Наполни ја својата иднина“ како кога полниш батерија на полнач.

На тренингот присуствуваа 23 млади луѓе кои сакаа да научат нешто повеќе за себе си. Содржината беше фокусирана кон постигнување на личен развој преку серија на специфични вежби на отворено и затворено кои ги предизвикуваа нашите лични граници. Со тоа обучувачите се обидуваа да постигнеме нов вид на наша лична интеграција, на нашите квалитети и вештини кои сакаме да ги подобреме за да имаме поздрава и поисполнета иднина.

На настанот учествуваавме учесници од повеќе земји како Шпанија, Италија, Литванија, Грција, Бугарија и Романија. Тоа допринесуваше и за интернационалниот момент во групата, бидејки имаше учесници од земји со кои никогаш не сум бил во контакт. Од Македонија учествуваме само двајца учесници, јас и Виктор и целокупното искуство беше многу интересно и предизвикувачки. Посебно делот кој се однесуваше на активностите на отворено, како што беше делот кога буквално бевме пуштени да се снаоѓаме сами во блиската околина околу Равногор и како синерџи тренингот не тера да ги сфаќаме идите за „креативност“ на нов начин и тоа да биде применливо во решавањето на проблемите во кои бевме втурнати. Мислам дека сите учесниците беа навистина вклучени во се, и дека искористија доста од искуствата за да почнат да размислуваат како може во иднина да си направат промени во својот живот кои ќе се чувствуваат секогаш наполнети со енергија.

Мало видео од тренингот може да видите тука. Фотографии тука.