Сведоштва на ученици за врсничката школа во основните училишта
Јована Георгиевска, училиште Д-р. Трифун Пановски
Од сите теми, “Како да се справиме со врсничко насилство” беше моја омилена тема за презентирање бидејќи ние ги поучувавме децата како да се спротивстават и да создадат своја самодоверба. Во иднина, би сакала повторно да сум врснички едукатор бидејќи сметам дека ова е важна тема на која и треба да се зборува не само на час, бидејќи секојдневно ја гледаме но многумина не прават ништо да ја спречат.
Фуркан Метлику, училиште Гоце Делчев
Со помош на предавачите и работилниците станав посамоуверен и подготвен да зборувам пред други. Најмногу ме заинтересира темата за психичко насилство, затоа што тоа често се случува, а тешко се препознава. На презентациите пред учениците ме радуваше тоа што учениците слушаа внимателно и покажаа интерес. Верувам дека научија нешто важно. Би сакал повторно да бидам врснички едукатор, затоа што ова искуство ми помогна да се изразувам подобро, да стекнам самодоверба и да бидам поддршка за другите.
Мерт Рустемов, училиште Даме Груев
Да бидам врснички едукатор за спречување на насилство за мене беше голема одговорност, но и можност да научам нешто ново и да помогнам на другите. Преку работилниците и обуките добив самодоверба и се чувствував подготвен да зборувам пред други ученици. Темата за врсничкото насилство ја сметам за многу важна, бидејќи секој од нас има право да биде безбеден и почитуван во училиштето. Најинтересно ми беше кога преку игри и дискусии научивме како да препознаеме различни видови насилство и како правилно да реагираме. Се чувствував најмногу возбуден кога требаше да зборувам пред другите ученици, но со текот на времето сфатив дека нема место за срам и страв – важно е да се зборува отворено. Сметам дека ваквите активности се исклучително важни и би сакал повторно да бидам врснички едукатор. Чувството дека можам да направам промена, дури и мала, ми дава сила да продолжам.
Јован Гроздановски, училиште Коле Канински
Кога слушнав за оваа работилница јас имав трема за запознавање со нови деца, но со секоја нова работилница јас се опуштив се повеќе и повеќе. Пред да презентирам во моето училиште како врснички едукатор, јас имав страв, но за време на презентацијата јас се опуштив. Нешто што ми помогна да се опуштам се децата кои учествуваа на работилницата, бидејќи тие беа отворени и споделуваа свои искуства со врснички насилство и како тие се справуваа со тоа.
Јана Лозанче, училиште Св. Кирил и Методиј
Работилниците ни помогнаа да се поврземе меѓу себе, да изградиме тимска доверба и да се чувствуваме сигурно кога зборуваме пред други ученици. Најинтересен дел ми беше кога учениците споделуваа искуства за насилство што го преживеале или го виделе. Тоа беше момент кога навистина почувствував колку оваа тема е сериозна и важна. Во тие моменти научив дека секое дете крие приказна зад своето однесување и дека треба да бидеме тука едни за други. Најтежок дел ми беше подготовката за презентацијата. Иако бевме подготвени и имавме поддршка сепак имав трема и се прашував дали ќе кажам се како што треба. Но, кога видов дека децата навистина слушаат почувствував дека навистина правиме нешто добро. Би сакала повторно да бидам дел од вакви активности, дури и да бидам повторно врснички едукатор.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative