Сведоштва 2019
Лидија, Лука, Андреа, Јовче и волонтерите на “Битола на точак” – Мозаик, проект на ЕВС
“Ја помагавме оваа иницијатива за да стане поактивна, помагајќи им во нивната кауза на секој можен начин. Тоа значеше дека им помагавме да ги промовираат своите активности на социјалните мрежи, да создаваат флаери и летоци и да ги дистрибуираат во локалните кафулиња низ главната пешачка улица во градот (наречена “Широк Сокак”). Учествувавме во подготовката и изработката на видеото за оваа иницијатива, која ке послужи и како јубилеј за ова локално движење. На почетокот не беше баш јасно што беа целите на видеото, но успеавме да дојдеме до неколку добри идеи до крајот, и да ги снимиме. И уште нешто што го направивме, со оглед на тоа што учествувавме во критичните маси, беше поправките на велосипедите. – Лука имаше големо искуство со велосипеди што овозможи велосипедите секогаш да бидат спремни и подготвени.
Исто така, помагавме и на камповите на ИМКА Битола, обезбедувавме главно логистичка помош. Ние ги осигуравме сите шатори за кампери дека се во ред, помагавме во она што беше потребно во канцеларијата и магацинот каде беа чувани материјали за камповите, а исто така отидовме и на самото место на кампот за да однесеме таму разни работи, а исто така го посетивме и блискиот прекрасен град Крушево.
Третиот важен аспект беше фактот што ни беше обезбедено простор да истражуваме и да покажеме некои аспекти од нашата култура, ни беше дадено многу слобода за ова, и посветивме некое време на ова да видиме што ке биде.”
Тамара, Виктор, Давор, Миа и Сара – Game on – Олде Вехте, Холандија
“Кога аплициравме, очекувавме дека тоа ке биде вообичаен проект, но како што минуваа деновите, сфативме дека всушност ова ке биде дел од наjубавите моменти во нашите животи! Се започна со динамична игра, а потоа продолжи со неколку разговори што ги имавме со луѓе од многу други окрузи, луге со различно потекло, итн.
Сите бевме ентузијасти, возбудени и трчавме низ Олде Вехте со големи насмевки на нашите лица. После извесно време поминато со многу нови пријатели и уште повеќе среќни моменти, отидовме во делот кога имавме шанса да бидеме креативни, иновативни и имагинативни. Сите се забавувавме додека игравме игри кои што ние самите ги изработивме, што докажа дека сме способни да оствариме работи што подоцна можат да ни овозможат доста возбуда.
Беше доста голем предизвик за сите нас, но на краот се покажа дека е најзабавниот викенд во нашите животи каде што се запознавме со холандската култура и се стекнавме со некои важни вештини!
Додека го затворавме проектот, ги разгледувавме сите наши спомени од овие две седмици – и ние би сакале да им препорачаме на сите да се пријавуваат на младинска размена како оваа во Олде Вехте.”
Иво Дамјановски – тренинг во Унгарија, организиран од Егешек (Унгарска младинска асоцијација) – 22-31.05.2019
“Овој тренинг мене подетално ме запозна со коучингот и благодарение на него ги сфатив разликите помегу менторство и коучинг, ги практикував алатките и техниките што ги научив на неколкуте коучинг сесии, го пронајдов мојот стил на коучинг и си ја подобрив комуникациата (вербална и невербална).
Тренинот беше добар бидејќи по секоја научена техника следуваше и простор за вежбање на истата, што значи дека знаењето не само што беше применливо, туку и имав шанса да го испробам и да експериментирам со разните техники на лице место. Знаењето од делот на комуникацијата можам да го применувам и во секојдневниот живот, но сфакам дека исто така е многу корисно и за работа со млади, како што се и сите останати алатки од делот на коучинг кои ги научивме.
Навистина, ова беше доста корисен тренинг!”
Бојан Велевски – ЕВС – Олде Вехте, Холандија
“Учев историја на уметност на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Планинарење и фотографија се моите хобија. Никогаш порано не сум живеел во странство, па барав опција како да одам некаде, а Wider Horizon беше одлична можност за мене. Исто така, сакав да учествувам и на настанот Event Wise.
Се сеќавам дека кога пристигнав во Олде Вехте беа доста гостопримливи. Мојот прв впечаток беше неверојатен. Ќе бидам тука два месеци! Во првиот момент бев возбуден, збунет и среќен во исто време. Но, знам дека го сакав ова и дека сето тоа ќе биде во ред. По два месеци бев искрено тажен што мојот Wider Horizon завршува, бидејќи се поврзувавме многу добро со целата група и беше навистина прекрасно да живееме заедно со тие луѓе. Имавме толку многу забава и толку многу споделувања меѓу нас. Постојат неколку причини зошто решив да отидам на долгорочен ЕВС. Кога дојдов овде за првпат и кога видов како луѓето живеат овде и какви работи се случуваат, само бев импресиониран. Друга причина е тоа што jа запознав мојата девојка овде за време на проектот “Wider Horizon” и двајцата решивме да се вратиме.
Научив толку многу нови работи, нови техники и вештини. Ги подобрив моите јазични вештини и вештините за готвење.
Мојот план е да работам во кујната колку што е можно повеќе време, а исто така и да поминам некои од обуките, сакам исто така да направам некој проект со фотографија и да jа поддржувам организацијата колку што можам.”
Симона Стојчевска – Тренинг – „Тренирај го твојот тим со тренирање на себе“ Равногор, Бугарија 22-29.10.2019
“Бевме учесници од околу 10 земји, а целта на овој тренинг курс беше да се прошири знаењето на учесниците за различни методи за активности за обука/учење/настава. Беа опфатени различни теми: коучинг и менторство, комуникација и стилови на учење, поставување цели за управување со конфликти, тимска работа и лидерство, групна динамика, искреност, изговори и лаги што луѓето ги кажуваат и игри што ги играат луѓето. Програмата ни понуди широк спектар на демонстрации на различни техники за тренирање еден-на-еден. По секоја демонстрација, учесниците имавме можност да ги испробаме техниките и методите сами, работевме во парови или трио, овозможувајќи ни да ја искусиме секоја од техниките во улога на тренер, учесник и објективен набљудувач. Потоа следеа групни дискусии. Освен техниките еден на еден, беа организирани и некои групни активности во затворено и на отворено во рамките на кои учесниците можевме да искусиме многу од концептите на тимска работа и лидерство, најмногу преку движење на телото и невербална комуникација и ретко преку вербална комуникација. Дополнително, секој од учесниците бевме дел од меѓународната 5-члена тренерска група која се состануваше секоја вечер и обезбедуваше рефлексија на изминатиот ден и безбеден простор за споделување. Целиот овој формален и ученички дел беше проследен со неформалниот вечерен дел, кога учесниците игравме игри со карти и табла, танцувавме на музика или едноставно ја поминувавме вечерта разговарајќи меѓу себе. И по враќањето дома, имавме дисеминациска активност во просторот MladiHub. Беше забавно.”
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative