Последни новости

Сведоштва 2016

Група учесници – Интеркултурна размена во Троген, Швајцарија

”Имавме прилика 2 недели да живееме во детското село Песталоци, во Троген, Швајцарија. Таму имавме заедничко живеење во куќите, многу се сложувавме за се, секој си имаше свои задачи и обврски. Научивме да не се согледуваме во разликите, да ги заборавиме стереотипите и да имаме повеќе почит меѓу нас. Секако дека уживавме и во убавините на Швајцарија и од секој град ќе понесеме со себе убави моменти. Бевме тажни дека го напуштаме ова прекрасно место, но и среќни дека ние осуммина нема да сме повеќе исти, тулку нови личности со поинакви идеи и цели.”

Наталија Дамчевска: од Швајцарија јас се вратив со стекнати многу навики, како и стекнато ново знаење во врска со темите што ги обработувавме. Запознав многу пријатели од Македонија и Србија. Со еден збор за мене оваа размена беше нешто што ќе го паметам цел живот.

Матеа Наумовска: за мене оваа размена беше едно чудесно доживување. Таму го проширив мојот круг на пријатели, добив поголемо знаење и се вратив дома со променети мислења. Најинтересни ми беа прошетките и писмото за себе, кое треба да го добиеме по неколку месеци. Се надевам дека секој ќе има шанса во животот да го добие ова искуство.

Кристијан Лазески: престојот во Швајцарија беше многу интересен и јас се вратив со многу аргументи со кои можам слободно да му се спротивставам на луѓето кои дискриминираат. Работилниците беа многу ефективни и интересни. За дружењето немам зборови и сеуште сум во контакт со сите други учесници.

Европски Солидарен Корпус

„На мојот ЕВС го подобрив својот англиски јазик и научив да возам помошно возило кое го користеа за работа во фармата. Потоа сфатив дека живеењето и дружењето со луѓе од различни култури е предизвик, но и забавно од друга страна. Возењето со велосипед до работа може да биде понапорно од самата работа. Исто така сфатив каде сакам да живеам.”

Васко Ристевски

„Најголем впечаток ми остави посветеноста на менторот во врска со работните задачи, големата грижа, како и фактот што имав шанса за запознавање на историјата на градот. Топлината на луѓето беше изненадувачка и на пауза од работа ручавме со семејството, при што се почувствувавме како дел од фамилијата. Патував низ многу градови низ Холандија и овој проект ги исполни моите очекувања.”

Мартин Ангелов

„Запознав луѓе од различни држави и некои од нив беа заинтересирани за учење на знаковен јазик, при што поминав некое време, подучувајќи ги и тоа ме исполни. Но она што најповеќе ме израдува, дури и наежи беше постапката на нашиот 67 годишен ментор кој се потруди да најде, спушти и научи да работи на апликација која преведува англиски јазик на знаковен, со што овозможи нашата комуникација да оди многу добро и брзо.”

Радмила Периќ

Обука „Re-connection, Чешка

Се уште го слушам ехото од оваа прекрасна песна, која ме потсетува на неповторливата авантура за самоспознание. Ова ново патување беше насловено „Re-connection, волшебен проект кој се одржа во идиличниот дел на планините Rychlebske во Чешка. Овој толку близок, необичен контакт со природата беше најавтентичниот начин да се продре во најчистите делови кои ми ја полнат душата, од наискрената причина било да сакам да го постигнам тоа или ова во животот. Патувањето беше одлична можност за прв пат да се концентрирам подетално на себеси и да размислам за сите работи кои сум ги искусила досега. За целата атмосфера исто така многу придонесоа менторите со поддршката коа ни jа дадоа, а исто така и групата во целина. Ова несекојдневна можност беше едно ново поглавје во градењето на мојата личност и карактер. Беше едно бесценето, пријатно искуство со нови луге, прекрасна природа и најважно, можност за повторно соединување со себеси. Ова патување беше почеток на доживотен процес за еден значаен дел од човечкиот живот – откривање и верување во себе.

Павлина Велјановска