Вклучи се

Повик за учесници на летни кампови

[Young Men’s Leadership Project] и [Girls Leading Our World]

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 YMLP (Young Men’s Leadership Project) и GLOW (Girls Leading Our World) се тродневни кампови за 30 девојчиња (GLOW) и 30 момчиња (YMLP) кои промовираат лидерство, граѓански ангажман и пријателство. Програмата на GLOW и YMLP се спроведува од младинската асоцијација ИМКА во партнерство со волонтери од Мировниот Корпус.

Мисијата на YMCA е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во заедницата. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите.

 

НАСТАВЕН ПЛАН

Основната наставна програма на камповите вклучува:

Личен раст

  • Учесниците ќе бидат оспособени со нови вештини за личен раст и ментално здравје.
  • Зајакнување на девојките за да бидат еднакво вклучени во носењето на одлуки во заедницата.

Кариерен развој

  • Учесниците ќе научат како да бидат лидери и да служат за пример во заедницата.
  • Учесниците ќе научат како да ги развијат, да ги продаваат и да ги користат своите вештини при барање и идно вработување.

Граѓанска одговорност

  • Учесниците ќе научат за нивната заедница и како да станат активни учесници во нејзиното обликување.
  • Учесниците ќе научат како да ја ценат животната средина и позитивно влијаат на неа.

Дополнително кампот нуди посебни изборни часови. Како на пример: Американски спортови (бејзбол, ултимејт фризби, американски фудбал), музика, јога, креативно пишување, други активности на отворено и др.

 

ИСКУСТВО НА ОТВОРЕНО

YMLP и GLOW се летни кампови во американски стил. Покрај учењето на часови, учесниците учат за еколошката свест и учествуваат во активности на отворено. За време на кампот ќе има и тимски натпревари кои ќе помогнат да се развие тимски дух преку интелектуални и физички игри. Иако поголемиот дел од камповите е на отворено, тие ќе се одвиваат и во различни временски услови, сонце или дожд!

 

РЕДОВЕН ДЕН НА КАМП

8:30 – 9:00 Доаѓање и почеток на денот
9:00 – 9:30 Утринска најава, пораки за денот
9:30 – 10:30 Сесија 1 (пр. Личен развој)
10:30 – 11:30 Сесија 2 (пр. Лидерство)
11:30 – 12:00 Време со тимот (градење на заедништво)
12:00 – 13:00 Ручек
13:00 – 14:00 Сесија 3 (пр. Животна средина)
14:00 – 15:00 Сесија 4 (пр. Граѓанска одговорност)
15:00 – 16:00 Изборен час (лабава програма)
16:00 – 16:30 Време со тимот (градење на заедништво)
16:30 – 17:00 Затворање на денот и клучни пораки

 

ПРАВИЛА НА КАМПОТ

Со цел да се осигура безбедноста на сите учесници, следниве правила на кампот ќе бидат спроведени. Непочитување на било кое од нив може да доведе до отпуштање од кампот.

  1. Распоред на кампот – Сите учесници мора да бидат точни и навремени на сите часови и активности. Учесниците ќе се задржат на одредена локација се додека не бидат ослободени од одговорното лице.
  2. Посетеност – Сите часови се задолжителни, освен оние кои се поинаку наведени.
  3. Позитивен став – Почитување и разбирање на другите учесници и персоналот се очекува во секое време.
  4. Англиски јазик – Од секој учесник се очекува да зборува англиски јазик во текот на кампот.
  5. Цигари, дрога, алкохол – Дрога, цигари и пиење алкохолни пијалаци е строго ЗАБРАНЕТО.
  6. Мобилни телефони, таблети и лаптопи – Користењето на технологијата од учесниците е ЗАБРАНЕТО за време на сите активности на кампот. Учесниците ќе бидат достапни на службениот мобилен телефон при итни ситуации.

 

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА (ПОДОБНОСТ)?

YMLP и GLOW очекуваат апликанти кои имаат нагласен лидерски потенцијал и посветеност кон волонтирање во училишните и вон-наставни активности. Подобните апликанти МОРА да бидат слободни за учество во текот на целата програма на кампот.

Камперите треба да се запишуваат во 8мо, 9то одделение, 1ва, 2ра или 3та година на училиште оваа есен и да имаат добро познавање на англискиот јазик.

 

ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ

Редоследно, чекорите во процесот на аплицирање се следниве:

Апликации: до 8 Јуни: Кандидатите аплицираат за кампот преку онлајн апликацијата.

Интервјуа: до 12 Јуни: Дел од апликантите ќе бидат интервјуирани од претставници на камп персоналот.

Известување: 12 Јуни: Апликантите ќе бидат известени за нивната апликација (прифатени, на листа на чекање и др.).

Последни подготовки: До 17 Јуни: Учесниците треба да имаат платено партиципација и доставени формулари!

Листа на чекање: до 17 Јуни: Апликантите од листа на чекање ќе бидат известени за потенцијални отворени позиции.

Дати на камповите: Јуни 19-21 (YMLP камп за момчиња) Јуни 26-28 (GLOW камп за девојчиња)

Апликацијата за кампот може да ја најдете ТУКА.

КРАЕН РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е 8ми ЈУНИ, 2025

 

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛОГИСТИКА

YMLP и GLOW се одржува во преубавиот двор на Педагошкиот Факултет во Битола.

Учесниците ќе работат на отворено, а во случај на дожд во затворен простор. Учесниците ќе имаат пристап до тоалети.

Облека

  • Учесниците треба да носат комотна облека
  • Удобна за да може да учествуваат во активности со движење/трчање
  • Облека за отворено за која е во ред да се валка
  • Дополнителна, доколку времето е дожливо или ладно
  • Патики или сандали

Друго

  • Заштита од сончање (предлог)
  • Шише за повеќекратна употреба (предлог)
  • Ранец/Чанте (предлог)

 

НАДОМЕСТ ЗА УЧЕСТВО

Благодарение на нашите партнери и индивидуални донатори, како и на волонтерите кои несебично го донираат своето време и знаење, ИМКА е во можност да покрие поголем дел од трошоците. Учесниците треба да платат партиципација од 1.500 МКД после нивното прифаќање. Партиципацијата вклучува: оброци, освежување, материјали за работа и превоз до Пелистер на последниот ден од програмата на кампот. Учесниците се должни да ја платат партиципацијата по нивното прифаќање пред да учествуваат на кампот. Ако учесникот не е во можност да ја плати партиципацијата, може да побара да пополни апликација за стипендија по неговото прифаќање преку нашата контакт форма.