Повик за врснички едукатори за личен и кариерен развој
Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на ИМКА! Следува информирање на средните училишта во градот за оваа активност, а заинтересираните ученици ќе треба да се пријавуваат на споделената форма за пријавување. Деталите се искомуницирани со средните средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек!
„Врсничка школа за личен и кариерен развој“ е програма на Младинска асоцијација ИМКА која има за цел личен и кариерен развој преку подигнување на свеста за значењето на кариерниот пат во животот на човекот низ соодветна едукација на учениците.
Тие ќе се обучат да станат врснички едукатори на теми поврзани со кариерата како знаењето, умеењето, сликата за себе, процесот на усовршување, улогите кои ги играме во општеството, комуникациските стилови кои ги имаме, начините на кои се справуваме со конфликтите и креативно изразување.
Програмата вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата.
Активностите се предводени од младински работници на ИМКА, а самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, по што ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола.
Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација.
Кој може да се пријави?
Како да се пријавите?
Со пополнување на формуларот на овој линк.
Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме!
Проектот „Врсничка школа за личен и кариерен развој“ на Младинска асоцијација ИМКА претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 7 средни училишта во градот.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative