Повик за врснички едукатори против врсничко насилство [средни школи]
Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на средните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу.
Деталите се искомуницирани со предвидените средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек!
„Врсничка школа против врсничко насилство“ е проект на Младинска асоцијација ИМКА Битола кој има за цел да ја подигне свеста за врсничкото насилство преку едукација на ученици. Учениците се обучуваат да станат врснички едукатори, учат за видови насилство, стилови на комуникација и ненасилни методи на решавање конфликти. Проектот вклучува тематски работилници со презентации и дискусии, практични активности и вежби, креативни работилници на научените теми и презентации/работилници спроведени од самите ученици во училиштата.
Проектот е воден од младински работници на ИМКА и самите обуки ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола.
Повеќе инфо за Врсничката школа имате на следната презентација.
Кој може да се пријави?
Како да се пријавите?
Со пополнување на формуларот на овој линк.
Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме!
Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола и ќе се спроведува во Младинскиот центар во Битола и потоа низ 6 средни училишта во градот.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative