Повик за тим лидер и учесници на камп во Холандија
Основни информации
European Summer Camp Youth Leaders (ESYL) е камп за зајакнување на млади лидери кои се активни на летни кампови и се одржува скоро секоја година во ИМКА Холандија. Ова претставува активност во која се подготвуваат за камп идни млади лидери во рамките на ИМКА мрежата низ Европа.
ИМКА во Битола е долгогодишен партнер на ИМКА Холандија и на овој настан праќаме млади луѓе да учат за кампот и камп културата од 2015 година. Како било на тие поранешни изданија на ЕСИЛ може да видите од овој линк: photo impression
Програмата ќе биде полна со споделување на знаење едни со други за тоа како да се организираат летни кампови, како да се работи со млади, како да се биде добар младински лидер, групна работа и секако игри! Подготвуваме широк спектар на активности и работилници поврзани со летни кампови, вклучувајќи: игри, логорски оган, тимбилдинг, сесии за етичко однесување, стилови на лидерство, комуникација, безбедност и многу повеќе!
Период: 22-26 октомври
Локација: Омен, Холандија
Детали за самиот настан на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот инфо пакет.
Кој може да учествува (подобност)?
Млади на возраст 18-29 години
Учесници од камповите GLOW и YMLP кои ги организира ИМКА ќе имаат предност пред другите пријавени.
Ова е настан за сите оние кои имаат одредено камперско искуство (биле вклучени во програми на летни кампови или младинска работа во летото 2025 година) или пак се заинтересирани да се стекнат со такво искуство на нашите кампови (во летото 2026) и да научат нешто повеќе за тоа како изгледа подготовка на еден камп од логистика до избор на активности за камперите. Со ваквите активности се зајакнуваат капацитетите на ИМКА во сите држави учесници за испорака на поквалитетни камп програми.
Еден од овие учесници бараме да биде водач на групата. Тој е главно лице за контакт и е задолжен за водење на националната група. Ова исто така вклучува планирање на патувањата, осигурување дека сите учесници во нивната група се чувствуваат добро и преземање на водството во партнерската активност.
Од учесниците ќе се побара и да подготват активност што ќе ја спроведат за време на програмите и однапред да изработат мала задача за нивните спомени од кампот.
Партиципација за учество 15 еур.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative