Вклучи се

Отворен повик за персонал на летните младински лидерски кампови 2026 на ИМКА

ИМКА Македонија отвора повик за посветени волонтери кои сакаат да се приклучат кон персоналот во организирање на нашите лидерски кампови за летото 2026!

Девојките го водат нашиот свет (Girls Leading Our WorldGLOW) и Програма за лидерство на момчиња (Young Men’s Leadership ProgramYMLP) се клучни настани во нашата програма за младинско лидерство. Овие кампови, со повеќе од две децениска традиција, ИМКА ги организира со поддршка на волонтерите од Мировен Корпус и локалните алумни.

Доколку бидете избран/а, пред почетокот на 4-дневните кампови ќе поминете низ обуката наменета за персоналот:

 

Сабота, 25 април

Воведна обука за персонал

_____

Понеделник-Вторник, 29-30 јуни

Обука за персонал на камп GLOW

Среда-Сабота, 1-4 јули

Камп GLOW

_____

Понеделник-Вторник, 6-7 јули

Обука за персонал на YMLP камп

Среда-Сабота, 8-11 јули

Камп YMLP

 

Зошто да Бидете лидер на GLOW и YMLP?

Со тоа што ќе ни се приклучите како дел од персоналот на камповите во Битола и Националниот парк Пелистер, станувате клучен дел од нашата мисија – зајакнување на следната генерација активни лидери во заедницата. Таму, ќе стекнете цврста основа и за сопствениот лидерски развој.

Придобивки што ќе ги стекнете низ процесот на волонтирање:

  • Усовршување на лидерските способности: стекнување практично искуство со искуствено учење, управување со тимови и работа со млади.
  • Зајакнување на професионалното портфолио: применливи вештини во развој на програми, советување, комуникации и логистика.
  • Мрежа од контакти: соработка со волонтери на Мировниот корпус и локални алумни, меѓукултурни релации и доживотни пријателства.
  • Личен раст и благосостојба: природата станува училница каде ги откриваме внатрешната сила и креативноста.
  • Оставете траен впечаток: бидете ментор кој им помага на младите луѓе храбро да го откријат својот потенцијал.

 

Вашата улога во оваа авантура

ИМКА е во потрага по локални (18+) и волонтери од Мировниот корпус да се вклучат кон следниве области:

  • Програма: осмислување активности за лидерство, екологија, граѓанска одговорност, кариерен развој и личен раст.
  • Советување: менторство и водење на групи низ енергични искуства во камповите.
  • Комуникации: доловете ја магијата на раскажувањето приказни преку социјалните медиуми и односи со јавноста.
  • Логистика: водење на инвентарот и објектите што ќе овозможи непречено одржување на камповите.

 

Временска рамка за регрутирање

  • 16 февруари: краен рок за аплицирање
  • 2 март: почеток на виртуелни интервјуа (не сите кандидати ќе бидат интервјуирани)
  • 16 март: известување за конечниот избор
  • 25 април: воведна обука на персоналот
 
АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА: Локални (18+) и Волонтери од Мировен Корпус

 

Симни го целосниот информативен пакет.