Последни новости

Оспособување на учениците во Могила преку неформално образование

Во рамките на нашите заложби да ја направиме младинската работа достапна и во руралните средини во октомври и ноември 2025 испорачавме активности за неформално образование на млади во Општина Могила. Нашиот тим од младински работници одржа серија од три работилници во основното училиште Гоце Делчев во Општина Могила. Работилниците имаат цел да ги зајакнат капацитетите на ученичката организација во ова училиште за учениците самите да можат да креираат и спроведуваат иницијативи што придонесуваат кон за нив во насока на креирање на побезбедна училишна средина

Во работилниците учествуваа претседателите и замениците на сите паралелки, како и детскиот правобранител на училиштето, ученици на возраст од 12 до 15 години. На почетокот тие зборуваа за тоа како ја разбираат комуникацијата, што за нив значи вербална и невербална комуникација и како овие елементи влијаат врз нивните односи. Разговараа и за тоа што претставува конфликт, како го препознаваат и каде е правилно да го пријават. Потоа учениците вежбаа донесување одлуки – индивидуално и во група – и ги анализираа факторите што влијаат една групна комуникација да биде успешна и корисна.

Следеше сесија со дискусија за тоа како се одржуваат состаноци, начини на водење записник, како се обработуваат точки од дневен ред и како се носат заклучоци. Учениците ги опишуваа досегашните состаноци што ги имале во училиштето и ги споредуваа со научените добри практики. На секој клас му беше зададена задача – во парови да состават петиција или официјално барање до директорот, врз основа на потреба која нивните соученици ја истакнале како значајна.
Наредната работилница беа децата беа воведени во основите на истражувачка работа. Учениците учеа да избираат и употребуваат алатки за собирање информации од поголеми групи деца, како што се анкети, прашалници и интервјуа. Секој тим спроведе истражување во училиштето, ги обработи резултатите и ги претстави на последната работилница. Како дополнителна активност, тие го цртаа своето „идеално школо“, а потоа ја споредиja замислата со реалната состојба, анализирајќи што би можело да се подобри. Оваа вежба ги поттикна да размислуваат за ученичка иницијатива што би имала најголемо значење за нивното училиште.

Во дискусиите, најголем дел од учениците изразија желба иницијативата да биде креативна и поддржувачка. Така се роди идејата за „Стрипови што менуваат “ – креирање на стрипови од страна на учениците под менторство на наставниците по македонски јазик и ликовно, а со цел да се создаде ученичка стрип – колекција на теми важни за училиштето и заедницата: ученичко учество, превенција од насилство и екологија. Овие понатаму ќе бидат испечатени во хартија и ќе бидат дел од редовната програма на патрониот празник на училиштето кој се одбележува секоја пролет и е значаен настан во оваа локална заедница. Целокупната иницијативата на овој начин помага во подигање на нивото на безбедност, доверба и отвореност меѓу учениците и стручната служба и придонесува кон подобра училишна средина за идните генерации.

Во насока на испорака на неформално образование во руралните средини ИМКА соработува со различни партнери. Овие активности се дел во рамките на поширока иницијатива на Коалицијата на младински организации СЕГА, во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и SmartUp – Social Innovation Lab, со поддршка од Детската фондација Песталоци која се реализира во периодот септември 2023 – август 2026.

Благодарение на поддршката на Y’s Men International ние сме во позиција да реализираме исто така и серија од нови работилници и во други рурални средини.

2025 - Promoting a Safe School Environment