Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал.
Ние сме непрофитна, граѓанска, нерелигиозна, инклузивна организација која нуди можности за нашата младина и активно работи со нив. Во Македонија ИМКА почна во 1999, а во Битола во 2002 година и врши активности во главно на локално ниво. ИМКА е дел од Светската ИМКА која е распространета во 119 земји и вклучува повеќе од 58 милиони луѓе.
Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните заедници. Ова се реализира преку искуствено образование градeјќи академски и социјални вештини.
Нашата визија е зајакната младина која предводи и инспирира промени, поттикнува инклузивни заедници вкоренети во почит, развој и посветеност на одржлив социјален импакт.
Работиме во поле на неформалното образование за млади обезбедувајќи програми за личен раст и кариерен развој на младите, поддршка на младите во процесите на донесување одлуки, промовирање младински активизам, волонтирање, здрави навики и градење општество кое поттикнува позитивни вредности и однесувања кај младите луѓе. Поточно, нашиот опсег на работа и придонес кон заедницата е во две области:
Младинска работа (кампови, врснички школи, курсеви за дигитално образование и локални и меѓународни обуки во областа на личен и кариерен развој, ментално здравје, мировна едукација, лидерство, младинско учество, волонтирање и зелена агенда) и
Придонес во заедницата (придонес во подобрување на законите, стратегиите и политиките во областа на младите, младинската работа и младинското учество, како и во областа на филантропијата/добротворството, општествената одговорност и волонтирањето).
Вредности кои ги негуваме и поддржуваме
Да се грижиме за себе, за другите и за заедницата.
Да бидеме искрени во она што го кажуваме и правиме.
Да се однесуваме кон себе, кон сите луѓе и кон нашата заедница со достоинство и прифаќање.
Да бидеме одговорни за своите ветувања и постапки.
Да се соочиме со предизвици и да водиме.
Да се најдат нови решенија за предизвиците.
Да се најде инспирација за да создадеме промени.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative