Локални волонтерски награди
Советот за волонтерство на Општина Битола ги додели локалните награди за волонтер/ волонтерска акција за 2022. Оваа награда се доделува по повод 5-ти Декември – Меѓународниот ден на волонтерите и целта на нејзиното доделување е да го поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Како дел од Локалниот Советот за Волонтерство (ЛСВ) на Општина Битола е и ИМКА Битола, која има свој претставник во овој Совет.
Добитници на наградата оваа година беа Ферзије Асановска, Валентина Соколовска, Марија Бошковска, наградени како волонтери за 2022 година, потоа „Здружението за заштита од повеќе аспекти – ВИКТОРИ“ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година. Наградите ги додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари на наградените за нивното досегашно дејствување, посакувајќи уште многу успешни волонтерски активности во следниот период, за кои општината, секогаш е подготвена да ја обезбеди неопходната поддршка. Настанот се одржа во просториите на Млади Хаб во Битола.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative