
ИМКА е дел од големото светско семејство ИМКА распространето низ 119 земји, вклучувајќи над 58 милиони луѓе.
Еко кампот директно не вклучи во организацијата на нашиот ден на отворено, каде што се играа различни игри и се научија многу корисни факти за велосипедите и велосипедистите, како и за заштитата на нашата животна средина преку користењето на велосипеди. Неколку дена учевме преку игри, а на последниот ден го споделивме ова знаење со деца и возрасни граѓани кои не посетија во градскиот парк. Настанот прерасна во прекрасна сцена на „BitolaNaTocak“, каде што комплетиравме голем круг околу нашиот град со велосипеди, придружени од сите љубители на велосипеди.
Симона Учесник на Еко камп SDG#13Кога слушнав за оваа обука, веднаш се пријавив, со нетрпение да започнам. Наместо само да се зборува за менталното здравје, оваа обука активно ги вклучуваше младите луѓе, учејќи не за неговата важност и охрабрувајќи нè да го споделуваме со нашите врсници. Таа се фокусираше на рушење на стереотипите, личен раст, самодоверба и здрави односи. Сесиите секогаш беа позитивни, забавни и смирени, а ние често се собиравме во круг за да ги споделиме искуствата каде што се чувствувавме сослушани и прифатени. За време на работилницата, стекнав нови сознанија за себе, ја подобрив мојата ментална состојба, изградив социјални врски и го надминав стравот од јавно говорење.
Андреа Учесник во Врсничката школа за ментално здравјеЗа време на моите студии, имав можност да станам дел од YMCA како практикантка. Сакам да споделам дека за време на моето практикантство во организацијата, стекнав вештини и знаење кои многу ми помогнаа како студентка и во мојот професионален развој. Дополнително, сакам да го нагласам моето позитивно искуство соработувајќи со мојот ментор, бидејќи неговата поддршка и соработка значително придонесоа за успешното завршување на моите задачи.
Фидела Практикантка во ИМКА
Здраво, моето име е Филип Божиновски и имам 17 години. Ги завршив сите курсеви во HP Life проектот и сум многу задоволен од искуството. За овие курсеви дознав преку моето средно училиште, "Јосип Броз-Тито" во Битола. Курсевите ми помогнаа да стекнам вредни вештини што можам да ги применам во иднина. Планирам да студирам на универзитет со фокус на технологија и нејзината улога во помагање на човештвото. Курсевите се кратки, лесни, целосно онлајн и бесплатни. Им препорачувам на секого, особено на младите, кои се заинтересирани да ги подобрат своите компјутерски вештини или да започнат бизнис. Моите омилени курсеви беа за комуникација и Success Mindset. Им благодарам на YMCA и HP за обезбедувањето на ефикасен начин за учење корисни вештини.
Филип Учесник на HP курсевите за дигитално образование