Гаранција за млади
ИМКА со свој претставник беше вклучена во обуката за „Гаранција за млади“ која се реализира 7-8 мај. Тоа е проект кој се спроведува од Националниот младински совет на Македонија – НМСМ во соработка со Коалиција на младински организации – СЕГА и со поддршка на УНДП, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување и подразбира работа на промоција на Младинската гаранција преку теренски работници.
Мерката „Гаранција за млади“ им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET) да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative