Стоп за дискриминацијата на лицата со попреченост

Во партнерство со Порака Нова започнавме 7-месечна кампања (од февруари до август 2023 година) против дискриминацијата на лицата со попреченост. Овој проект е фокусиран на подигање на свеста за оваа дискриминација (постоење, препознавање и спречување од дискриминација) во училиштата меѓу учениците и стручните служби на училиштата, како и за промовирање на законските процедури во случај на пријавување на дискриминација до властите. Правните процедури се достапни и промовирани преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗПД). Целта на проектот “Стоп за дискриминација на лицата со попреченост” е да ја подигне свеста за постоењето на дискриминација кон лицата со попреченост во сите животни сфери од нашето општество, како и да укаже на специфични групи на луѓе во Битола за постоењето на законски регулативи кои помагаат таа да се санкционира, спречува и намалува во иднина. Тие групи на луѓе се учениците во средно и основно образование, образовните асистенти и стручните служби во училиштата. Овој проект се вклопува во нашите стратешки приоритети да работиме со младите на неформални образовни програми и да се фокусираме на методологијата врсничка едукација (peer-to-peer). Темата е целосно во склад со нашата мисија и вредности што ги промовираме. Во овој проект ќе работиме со млади и со образовни асистенти кои работат со овие ранливи категории млади луѓе. Подигањето на свеста за недискриминација кон лицата со попреченост вклучува: Ова е проект поддржан преку мали грантови од програмата за антидискриминација на Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, финансиран е од Европската Унија, а спроведуван од Порака Нова и ИМКА како партнери. Следете ја нашата Фејсбук страница за новости и активности на проектот!

Глобална недела на миротворци

 Од Македонската група на учесници И ова лето околу 50-ина млади луѓе се собраа во Осло, Норвешка во рамките на PEACEMAKERS GLOBAL WEEK 2022. Тоа беше една недела дискусии, учење, акција и интересни состаноци на разни прашања околу глобалните светски трендови кои ги засегаат и младите. Со учесници од повеќе земји, „Глобалната Недела“ е настан каде што се добива чувство за тоа колку е мал светот и каде што се гради космополитскиот дух. Овој настан претставува прилика за подобро разбирање и на тоа како функционираат младите од разни делови од светот и како размислуваат за важните светски прашања поврзани со толеранцијата, правдата и мирот.  „Глобалната Недела“ се одвиваше во периодот 11-17 Јули во Осло под покровителство на Глобал ИМКА-ИВКА на Норвешка. Имаше учесници од 3 континенти, а ние бевме четворица од Македонија, Марина, Андреј, Теа и Бојан. Ангажманите за време на целиот настан содржеа разни игри низ кои се запознававме меѓу себе и нашите култури. За многу брзо време сфативме дека иако доаѓаме од различни земји, сите сме со различни карактери, сите потекнуваме од различна верска и национална припадност, сите ние потекнуваме од различни култури, сфативме дека не спојува едно нешто: нашата волја да научиме нешто повеќе и нашата желба за подобро утре на сите нас. Темите на кои работевме беа поврзани со дискриминација, насилство, стереотипи и предрасуди кон младите од туѓите средини, расизам и расна дискриминација, етнички стереотипи и сегрегација, предрасуди и дискриминација кон бегалците и имигрантите, како и малку за глобалното затоплување. Покрај сериозниот дел, имаше секако и интеркултурната вечер во која ги претставивме нашите земји и култури преку нашата традиционална храна и по некој збор повеќе за нашата држава. Имавме бескрајно забавни и незаборавни поминати денови. Од Норвешка заминавме полни со емоции, створени пријателства и конекции за цел живот. Сите ние патешествието до Осло го завршивме со нови искуства, научени работи, пријателства, спомени кои секогаш ќе ги носиме во нашиот куфер наречен живот.

Синерџи тренинг во Равногор

Од Петар Кузмановски и Виктор Зафировски Од 1-8 јуни во Равногор, Бугарија беше одржан синерџи тренинг организиран од тимот на Синерџи Бугарија кој спроведува вакви тренинзи за личен раст и развој. Тренингот беше воден од страна на Маркос и Јулија, лидерите на Синерџи Бугарија и беше со наслов ‘Charge your future” или во превод „Наполни ја својата иднина“ како кога полниш батерија на полнач. На тренингот присуствуваа 23 млади луѓе кои сакаа да научат нешто повеќе за себе си. Содржината беше фокусирана кон постигнување на личен развој преку серија на специфични вежби на отворено и затворено кои ги предизвикуваа нашите лични граници. Со тоа обучувачите се обидуваа да постигнеме нов вид на наша лична интеграција, на нашите квалитети и вештини кои сакаме да ги подобреме за да имаме поздрава и поисполнета иднина. На настанот учествуваавме учесници од повеќе земји како Шпанија, Италија, Литванија, Грција, Бугарија и Романија. Тоа допринесуваше и за интернационалниот момент во групата, бидејки имаше учесници од земји со кои никогаш не сум бил во контакт. Од Македонија учествуваме само двајца учесници, јас и Виктор и целокупното искуство беше многу интересно и предизвикувачки. Посебно делот кој се однесуваше на активностите на отворено, како што беше делот кога буквално бевме пуштени да се снаоѓаме сами во блиската околина околу Равногор и како синерџи тренингот не тера да ги сфаќаме идите за „креативност“ на нов начин и тоа да биде применливо во решавањето на проблемите во кои бевме втурнати. Мислам дека сите учесниците беа навистина вклучени во се, и дека искористија доста од искуствата за да почнат да размислуваат како може во иднина да си направат промени во својот живот кои ќе се чувствуваат секогаш наполнети со енергија. Мало видео од тренингот може да видите тука. Фотографии тука.

Зајакнување на младинските лидери во летните кампови (ЕСИЛ)

Од Кристина Талевска По кратка пауза, овој Мај продолжиja ЕСИЛ обуките за камп лидери во ИМКА. Повторно во Холандија како и минатите пати лидерите од неколку ИМКА организации од цела Европа, се собраа за да учат за кампувањето, правилата на кампот, игрите во кампот и другите активности релевантни за нив како идни лидери. Овој настан беше едно незаборавно искуство кое засекогаш ќе остане во нашите сеќавања. За нас тоа беше огромна можност да научиме нови работи, да запознаеме нови луѓе и нова земја, да ги прошириме нашите знаења, вештини и креативност. После неопходните одложувања на овој камп заради пандемиската ситуација, целиот овој настан беше едно големо освежување и враќање во реалноста. Овој камп се случи во близина на малото гратче по име Леусден и е дел од големата мрежа на ИМКА кампови во Холандија. Учествувавме повеќе земји како Романија, Македонија, Шведска, Финска, Италија, Шпанија секако и домаќините од Холандија во последната недела помеѓу 25 и 29 Мај. За кратко време од кога стигнавме сите се поврзавме и не помина долго пред да започнеме да разговараме меѓу нас како да се познаваме со години, без незгодни моменти, без срамежливост, без интровертност. Сите покажуваа искрен интерес за земјата од која што доаѓаат другите, културата, секојдневниот живот, навиките, храната, традициите. Дали беше тоа заради ефектите после пандемискиот бран не знаеме, но секако беше добро да се почувствува човечката топлина и заедништво како и претходно. Бидејќи на овој камп се подготвуваме и се потсетувавме како е да се работи со други луѓе, важни теми кои ги поминавме беа лидерството, да бидеш добар комуникатор, тимски играч, што значи да си координатор на волонтери, да креираш работилници и да се чувствуваш спонтано низ цел тој процес. Ние тројцата од Македонија, јас, Дарко и Андреј поминавме низ програма која ни помогна да се вратиме на старите добри проверени камперски рутини и да добиеме нова сила за понатаму. Дел од нашите искуства можете да ги видите овде.