Последни новости

Волонтерски акции на камповите ГЛОУ и ИМЛП 2019

На камповите се собираат момчиња и девојчиьа од целата држава и учествуваат во разни активности како што се работилници на различни теми, имаат спортски активности, имаат саем за вработување, имаат активности каде развиваат подлабоко меѓукултурно разбирање меѓу себе, тие исто така имаат различни активности на отворено, од кои главно се потенцира на волонтерскиот аспект – а тоа волонтерскиот проект направен на самиот камп.

Нашите фасилитатори се одговорни за Project Design Module за дизанирање на проекти кои што се наменети за камперите да за предвидат идејата за волонтерскиот проект во кампот, да работат на него, да ги подготват материјалите потребни за извршување на волонтерскиот проект и конечно да ги организираат сите мали детали со една цел ова навистина да се оствари. Исто така и оваа година имавме неколку помали волонтерски проекти и еден голем. Неколкуте помали волонтерски проекти опфаќаа: цртање на логото на кампот во затворена просторија за кампување, цртање и украсување на неколку дрвени палети наменети за да служат како држачи на вазни со свежо засадени цвеќиња (за украсување на отворено на просториите на кампот), чистење и премачкување со заштитна боја на дрвените знаци кои што се во форма на стрели за обележување на кампот. Големиот волонтерски проект се однесуваше за отворениот дел. Општата идеја беше да се соберат сите кампери заедно и да се расчисти, да се донесе во некој ред старата пократка патека низ шумата. Во меѓувреме таа патека е напуштена, но да се доведе до отворен простор во шумата што ние ja користевме за активности. Ова место беше достапно, но од подолга полукружна патека, користена за други намени. Главната идеја беше да се стават претходно подготвени, долги парчиња дрво од страните на расчистената патека и да ги зацрврстат во земјата, така што тие ќе останат таму и во основа ќе дадат предвид на самата шумска патека.

Бидеќи ова беше голема работа, не беше можно да се направи во еден волонтерски проект, затоа го направивме во две фази – првата фаза беше за време на кампот YMLP, а другата фаза беше за време на GLOW кампот што беше неколку дена после YMLP. Целтта е да се има добра практика на целиот процес – форма на идеја за спроведување на услужна активност што подоцна ќе се репродуцира во клубовите, со цел тоа да се направи во локална заедница. Тоа помина во надобар ред. Како резултат на целата работа патот беше расчистен и обележан! Сега таа патека е подготвена за употреба за кампот, но и за другите локални жители што живеат во близина. И, секако, на крајот сакаме да им се заблагодариме особено на нашите донатори: Хорус и Европскиот фонд за демократија (ЕЕД), нашите корпоративни партнери: Мермерен Комбинат, ОКТА, рудникот САСА, ТАВ аеродромите, Алкалоид и Кромберг и Шуберт, како и индивидуалните донатори за обезбедување на донации, за овој камп да е можен.

2019 GLOW+YMLP Service Projects