Повик за учесници на Eразмус+ обука „Communication Matters“ во Брно, Чешка
Започнуваме со селекција на учесници во тренингот „Комуникацијата е важна“ (Communication Matters) кој е поддржан од Еразмус + и ќе се случува во Брно, Чешка. Следува период во кој ние ќе ги собереме сите заинтересирани за учество на оваа обука, а после тоа заедно со организаторите ќе финализираме кој од пријавените ќе учествува.
Оваа обука има за цел да ги надгради важните комуникациски вештини на учесникот на тема ненасилна комуникација и се базира врз методологијата развиена од Маршал Розенберг во 1960-тите, која стана меѓународно прифатена и корисна алатка за деескалација на тензии и конфликтите помеѓу групи и поединци.
Период:
Целокупниот проект е од Август 2025 до јануари 2026
Обуката е од 10 до 19 ноември 2025
Деталите за целата обука на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот инфо пакет.
Кој може да се пријави?
ВАЖНО! Секој оној кој е заинтересиран за учество, по завршување на обуката треба да може активно да учествува во дисеминација на овој проект со одржување тематска работилница во претходно договорен термин од наша страна. Во спротивен случај нема да биде селектиран за учество.
Ве очекуваме!
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2024 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative