Започнуваме со селекција на врснички едукатори за новата „Врсничка школа против врсничко насилство“ на ИМКА! Следува период на информирање на средните училишта низ градот, а селектираните ученици ќе треба да се пријавуваат на формата за пријавување која е споделена подолу.
Деталите се искомуницирани со предвидените средни училишта и регрутирањето на ученици е во тек!
Обуките за врснички едукатори ќе се одржуваат во Младинскиот центар во Битола, а потоа ќе се реализира врсничка едукација во вклучените средни училишта во Битола.
Во следниот период од три месеци, нова група на ученици подетално ќе се запознаваат со оваа појава и нејзините последици, ќе споделуваат искуства и ќе учат како да ја адресираат до стручните служби и возрасните и секако, подобро да ја разберат. Целта на овие работилници е подигање на свеста за оваа појава со цел нејзино намалување.
Кој може да се пријави?
Како да се пријавите?
Со пополнување на формуларот на овој линк.
Финалната селекција ќе ја направиме во соработка со стручните служби на училиштата. Ве очекуваме!
Проектот „Врсничка школа против врсничко насилство“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола претставува продолжение на иницијативата за врсничка школа во рамките на Младинскиот Центар во Битола на теми поврзани со менталното здравје, кои се релевантни за младите, како и за самата Општина. Проектот е кофинансиран од CVJM (Signs of Hope) и Општина Битола ќе се спроведува во младинскиот центар во Битола и потоа низ 6 средни училишта во градот.