Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал
Ние сме непрофитна, граѓанска, нерелигиозна, инклузивна организација која нуди можности за нашата младина и активно работи со нив. Во Македонија ИМКА почна во 1999, а во Битола во 2002 година и врши активности во главно на локално ниво. ИМКА е дел од Светската ИМКА која е распространета во 119 земји и вклучува повеќе од 58 милиони луѓе.
Нашата мисија е да ги поттикнеме младите луѓе и да работиме на развивање на нивниот вроден потенцијал преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните заедници. Ова се реализира преку искуствено образование градeјќи академски и социјални вештини.
Нашата визија е зајакната младина која предводи и инспирира промени, поттикнува инклузивни заедници вкоренети во почит, развој и посветеност на одржлив социјален импакт.
Работиме во неформално образование за млади, нудење поддршка за младинско учество во процесите на донесување одлуки, промовирање на младински активизам, волонтирање, здрави навики и градење општество кое поттикнува позитивни вредности и однесувања кај младите луѓе. Поточно, нашиот опсег на работа и придонес во заедницата е во две области:
Младинска работа (лидерство, личен развој, младинско учество, волонтерство, зелена агенда, ментално здравје, мировна едукација) и
Развој на заедницата (учество и придонес во изготвување закони, стратегии и политики за млади, младинска работа и младинско учество; како и за општествена одговорност, волонтерство, добротворство/филантропија и корпоративна општествена одговорност).
Вредности кои ги негуваме и поддржуваме
Да се грижиме за себе, за другите и за заедницата.
Да бидеме искрени во она што го кажуваме и правиме.
Да се однесуваме кон себе, кон сите луѓе и кон нашата заедница со достоинство и прифаќање.
Да бидеме одговорни за своите ветувања и постапки.
Да се соочиме со предизвици и да водиме.
Да се најдат нови решенија за предизвиците.
Да се најде инспирација за да создадеме промени.