На 07.02.2022 година 17 граѓански организации преку онлајн презентација се запознаа со стандардите на Ознаката за доверба и придобивките од нејзиното користење. Меѓу нив беше и младинската асоцијација ИМКА со свој претставник. 

Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу граѓанските организации и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на граѓаните, но и на останатите чинители во заедницата.

Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба?

За да ја стекне ознаката за доверба, здружението треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

Граѓанските организации за да ја добијат ознаката за доверба прво вршат само-оценка односно, пополнуваат прашалник за евалуација на своето работење, а потоа одборот на ознаката за доверба врши проверка на целата документација и дополнителни средби со здружението. На овој линк можете да го погледнете Водичот за пријавување за добивање на ознаката. На крајот од овој процес Одборот одлучува дали здружението ќе ја добие ознаката за доверба.