Од Рената Димановска
Размислувајќи за изминатите шест месеци од водење на нашите групи за поддршка, исполнета сум со длабоко чувство на благодарност за неверојатното патување што го споделивме. Кога започнавме со оваа активност, водечки мотив со мојот колега Љупчо ни беше создавање на безбеден простор, ослободен од предрасуди каде што секој еден ќе може отворено да разговара за потешкотиите со кои секојдневно се соочува и начините на кои може да се справи со истите.
Заедно, негувавме заедница каде што се слуша секој глас и секоја приказна се цени. Сведоци сме на длабоки моменти на ранливост, издржливост и раст. Членовите храбро ги споделија своите искуства, наоѓајќи не само поддршка, туку и сила да се справат со нивните предизвици. И најважно од сѐ е тоа што нашите дискусии поттикнаа емпатија и поврзаност, потсетувајќи ги членовите дека не се сами во нивните борби.
Алатките и сознанијата добиени овде ги потикнаа членовите да направат значајни промени во нивните животи и да им пристапат на своите предизвици со обновена надеж и самодоверба.
Во изминатите неколку месеци беше опфатен широк спектар на теми од областа на менталното здравје, помеѓу кои беа: што е ментално здравје и како да се грижиме за истото, што точно претставува анксиозноста и начини на справување со истата, појава на панични напади и техники за справување, пострауматско стресно нарушување, траума и работа со трауматичен настан, предизвици на современото родителствување, родителски стилови, стилови на комуникација, отпорност и многу други теми. Морам да нагласам дека повеќето теми беа проследни со искуствени вежби кои и тоа како помогнаа за учесниците да го искусат она што сме го разговарале.
Благодарни сме на нашите учесници што беа дел од ова патување и што ги направија изминатите шест месеци вистински трансформативни.
Со овие активности Врсничката школа за ментално здравје на деца и млади дојдоа во својата финална фаза. Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 Reload2, која е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Проектот „Врсничка школа за ментално здравје на деца и млади“ на Младинска асоцијација ИМКА Битола е кофинансиран од Општина Битола. Проектот е спроведуван од ИМКА во соработка со Порака Нова и Центар за човекови права Амос.
За впечатоци од учесниците прочитајте тука