На 19.12.2023 година во Скопје се одржа најголемата национална конференција за младинска работа во нашата држава. Пред повеќе од 100 присутни гости свои поздравни обраќања имаа Андреј Наумовски, претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, Ѓорги Тасев, соработник на Претседателот на Владата за млади и младински политики и Јовица Митевски, претставник на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На конференцијата свечено беа доделени и сертификати на 13 лица кој ја поминаа обуката и се стекнаа со звање работник со млади. Меѓу нив беше и Наташа Дарков, која е дел од тимот на ИМКА Битола.
Низ два панели се разговараше за „Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“.
Претставниците од државните органи и градоначалници најавија континуирана поддршка за процесите на валидација и целосно воспоставување на младинската работа како професија и поттик на процесот на основање младински центри низ целава држава.
Претставниците од младинскиот сектор вклучувајќи ги Сојузот за младинска работа, младинските центри и младинските работници нагласија дека младинските работници и младинските центри се клучни за спроведување на квалитетна младинска работа. Нивното препознавање и поддршка ќе значат и создавање на средина за поддршка за раст и развој на младите. Тие исто така говореа за важноста на обуката за работник со млади и професијата младински работник за правилен развој на младите.
Претставниците на другите институции поддржувачи на развојот на младинската работа во државава ја изразија нивната поддршка исто така. Филозофски факултет изјавија за поддршката која ја даваат преку студиите од втор степен по младинска работа кои се први постдипломски студии по младинска работа во регионот за кои се предвидени и стипендии. ГИЗ кои ја истакна значајноста на соработката и насоченото дејствување на странските донатори во согласност со понудувачите на младинска работа на локално и национално ниво.
Вклученоста на ИМКА како организација во овие процеси е на високо ниво.
Јовче Крстевски, сертифициран младински работник, е дел од персоналот на младинскиот центар во Битола, е член на базата на оценувачи на квалитет на младинските центри формирана при Агенцијата за млади и спорт и беше еден од панелистите на настанов. Дополнително на тоа, на настанов Наташа Дарков по цела година исклучителен ангажман со групи на млади го завршени интензивен курс за серифицирање за младинска работа доби и формално звање „работник со млади“ од Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport и Сојуз за младинска работа/Union for Youth Work. Јовче Крстески оваа година помина низ процес на обуки и пракса за примена на методологија за кариерно советување и насочување на младите ProfillPASS, која е развиена од Германскиoт институт за образование на возрасни – Центарот за доживотно учење Лајбниц Deutsches Institut für Erwachsenenbildung.