Од Виктор Илиев

Ќе започнам со мојата длабока благодарност до ИМКА на САД за поканата за приклучување на меѓународна група на Конференцијата за кампување во САД. Овој собир ги надмина вообичаените очекувања, понудувајќи извонредно искуство заедно со моите колеги од Косово, Романија, Шпанија, Украина, Аруба, Порторико, Колумбија и Бразил. Пристапот на ИМКА на САД е за пофалба поради тоа што не само што ја прикажаа нивната уникатна камп култура, туку и понуди глобална размена на најдобри практики. Покрај тоа, овој настан додаде и меѓународна перспектива, поттикнувајќи врски преку Атлантикот за подобрување на сите вклучени во развојот на младите преку образование на отворено и кампување.

Моето патување започна со еднодневно доцнење поради откажување на летовите, но пристигнав во Омаха, Небраска и ја поминав ноќта во Камп Китаки. Иако ја пропуштив официјалната турнеја во кампот, остатокот од времето во следниот ден ми остави впечаток за кампот Китаки како трансформативно засолниште на отворено, посветено на развојот на младите и искуствено учење. Директорот на кампот, Џејсон, на неодамнешен настан елоквентно ја долови моќта на кампот во видеово, опфаќајќи ја суштината на образованието на отворено.

Нашето патување продолжи до Камп Des Moines Y во Ајова, каде што на влезната порта беше испишана објава дека е: „Најблиското место до рајот на Земјата“. Бевме пречекани од директорот на кампот Алекс кој не однесе на турата низ кампот. Овој камп имаше толку многу работи да презентира и толку многу аспекти од логистиката на кампот што речиси ме остави без зборови. Сведочејќи ја обемната историја на кампот, извонредните проекти на Алекс и огромната поддршка од Камп Алумните зборуваат многу за влијанието на овој камп.

На нашата следна станица, Камп Данкан лоциран во државата Илиноис чиј домаќин беше еден од нашите неверојатни домаќини директорот на кампот Боби, се чувствував како одење на позната локација. Причината за тоа се долгите разговори на патувањето од една држава во друга, така што активностите и логистиката на кампот ми беа некако испреплетени со чувство на блискост. Неверојатно е да се види, но тој и неколку вработени во кампот живееја на самиот камп. Со живописно езеро и разновидни активности кои ги нуди на отворено, Камп Данкан е доказ за неверојатните искуства што ги нуди.

Незаборавното интермецо од активностите на камповите не доведе до центарот на Чикаго кулминирајќи со посета на седиштето на ИМКА во САД. Средбата со посветениот тим предводен од гостопримливата Адријана го зајакна мојот поглед за посветеноста на организацијата кон нејзините основни вредности. До крајот на нашето патување бевме сведоци како таа и нејзините членови на тимот на оваа неверојатна пред-конференциска турнеја не зборуваат само за основните вредности на ИМКА (почит, одговорност, чесност и грижа), туку ги инкорпорираат во нивните сопствени животи и дејствуваат според нив. За случајна организација е лесно да се наведе каква било мисија и визија, но ние не бевме во случајна организација. ИМКА на САД е организација како ниедна друга. Давање на децата можности за одличен почеток. Помагање на семејствата да имаат здрав живот. Инспирирање на заедниците да работат заедно. Тоа е ИМКА.

Нашето патување го достигна својот врв во Мичиген во ИМКА до езерото Шерман, каде што беше конференцијата за кампови како главен настан. Конференцијата која беше домаќин на околу 250 професионалци за развој на млади преку кампови на отворено од цела САД и од целиот свет, покажа уникатен спој на поединци во различни фази од нивните кариери. Искуството, знаењето и страста за образование на отворено ги имаше во изобилие на оваа конференција.

Со три исклучителни клучни говорници, различни работни сесии од интерес избрани според нашите лични потреби, тркалезни маси, рефлексии, рекреација и можности за вмрежување, конференцијата остави неизбришлива трага врз мене. Морам да признам дека ме воодушеви дарежливата понуда на работни сесии и се мачев за да одлучам што да приоритизирам. Едно нешто што овде е направено на уникатен начин од она на што сум бил навикнат и видел досега е можноста да си креирам приспособен личен распоред на работни сесии. Вака се цени и вреднува времето на луѓето!

Една од основните области на влијание на ИМКА на САД е општествената одговорност. Ова не се само два фенси зборови, туку зборови на кои ИМКА им дава суштина преку демонстрација. Дополнително на секоја камп конференција во САД, секоја година има настан за прибирање средства за одредена избрана кауза која ги добива сите собрани средства. Овогодинешнава камп конференција ги поддржа тековните напори на ИМКА од Мауи за возобнова на заедницата по неодамнешните разорни пожари. Бев изненаден што ја искусив културата на филантропија и општествена одговорност преку „тивка аукција“ и аукција во живо каде што луѓето донираат предмети од нивната ИМКА или земја како што се брендирани материјали, маици, производи или уметнички дела од детски кампови итн. и луѓето наддаваат со најдобри понуди. Филантропија и забава во исто време. И најдобриот дел на крајот – конференцијата беше поддржана од многу корпоративни донатори. Кога луѓето се залагаат и придонесуваат за некоја кауза, вие создавате заедница. Имаме многу да научиме од ова!

И колку преубав начин да го завршиме нашето патување со посета на нашиот љубезен домаќин Томас кој заедно со посветениот тим во ИМКА Флинт срдечно ме пречекаа. Ја разгледавме ИМКА и нивните програми и разговаравме за нивните најдобри практики, можностите што ги нудат за тие да бидат вистинска организација во заедницата каде што луѓето чувствуваат дека припаѓаат. Последната станица беше во кампот на ИМКА Копнеконик каде и покрај снежното и студено време ни понуди посебна камп турнеја и попладневна рефлексија за нашите колективни искуства.

Нашата група помина растојание од 1180 km, приближно растојание од Битола до Виена. Ги упатувам моите најдобри желби на сите сопатници во спроведувањето на овие вредни сознанија стекнати за време на ова извонредно патување.