Од Јовче Крстески
Водени од целта да понудиме поквалитетни сервиси за вработливост на младите, среќни сме што како членка на Сојузот за младинска работа имавме можност да учествуваме на две обуки за советници за кариерно насочување на младите и да научиме за две нови методологии.
Едната од нив беше според методологијата „ProfillPASS – Започни ја твојата кариера!“ а другата според методологијата „Sport for employability“ (S4E), како дел од програмата за едукација и поддршка на младински работници насловена како „Младинска работа за активни и вклучени млади“.
Преку овие обуки, јас како младински работник во ИМКА заедно со 17 други младински работници од нашата држава се здобија со знаења, вештини и компетенции за користење на проверени методологии во нивната секојдневна работа со млади од ранливи категории. Младинските работници кои учествуваа во овие обуки се оспособија за примена на алатката „ProfillPASS“, која ќе им овозможува да ги насочуваат младите кон истражување на своите можностите за личен и професионален развој, со тоа помагајќи им да ја подобрат својата позиција на пазарот на трудот. Користењето на #S4E како алатка за поттикнување и развој на вештини, ќе им помогне на младинските работници во поддршката и охрабрувањето на младите луѓе од нивните заедници во насока на освестување на своите вештини и потенцијали, како и на нивна доизградба.
По обуките, вклучените младински работници ќе спроведат практични активности со примена на научените методологии во своите средини. Како обучен младински работник од ИМКА ќе го применам моето знаење во работата со млади во Младинскиот Центар во Битола како и при подготвувањето на програмите кои ИМКА ги спроведува на оваа локација.Сојузот за младинска работа ја спроведува оваа програма во рамките на регионалниот проект “Социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан“ и глобалната програма „Спорт за развој“ спроведени од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Обуките за овие методологии се спроведоа на 21-24.09.2023 и 30.10-02.11.2023 во Дојран. Обуката за #ProfilPASS беше спроведена со помош на обучувачи од Центарот за доживотно учење, а таа за #S4E со помош на обучувачи од ТАКТ.