ИМКА со свој претставник беше вклучена во обуката за „Гаранција за млади“ која се реализира 7-8 мај. Тоа е проект кој се спроведува од Националниот младински совет на Македонија – НМСМ  во соработка со Коалиција на младински организации – СЕГА и со поддршка на УНДП, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување и подразбира работа на промоција на Младинската гаранција преку теренски работници.

Мерката „Гаранција за млади“ им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET) да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете тука.