Неодамна привршија активностите на Локалниот волонтерски совет на Општина Битола (ЛСВ) кои беа насочени кон партиципативно креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола за периодот 2023 – 2026 година. Бидејќи ИМКА има свој претсавник во ЛСВ за периодот 2021-2022 година, тој учествуваше во работната група која заедно со претставници од други активни младински или организации за млади од Битола и советници од самата Општина го подготвуваше овој стратешки документ.

Се реализираа 3 работни состаноци со претходно утврдена агенда и под водство на надворешен експерт кој имаше задача да ги земе во предвид сите забелешки, предлози, сугестии од страна на членовите на оваа работна група и да ја подготви стратегијата заедно со акцискиот план за периодот 2023 – 2026 година. Овој стратешки документ понатаму ќе биде поднесен до Советот на Општина Битола, кој се очекува да го усвои до март 2023 година.

Овие активности беа организирани и спроведени од МКЦ – Битола под името „Време е за волонтирање“, проект кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од Европската Унија.

Истовремено, преку овој проект се зајакна и капацитетот на сите членови на ЛСВ Битола преку реализацијата на обуките за креирање на волонтерски политики и имплементирање на креирани планови кои членовите ги добија. Преку оваа активност проектот го зајакна ЛСВ со вештини за креирање на волонтерски политики, за да може успешно да креира нова стратегија за развој на волонтерството во општина Битола и неперечено и во иднина квалитетно да ги имплементира активностите согласно новиот документ.

Повеќе слики од овие настани може да проследите тука и тука