Вклучи се

Повик за практикант/ка преку АВРСМ

Доколку сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш твоите вештини и да ги подобриш шансите за вработување, тогаш оваа можност е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни практично искуство преку работа на реални проекти преку Мерка 4 – Практикантство на АВРСМ.

Месечен надоместок: 12.000 ден.
Период на практикантство: до 3 месеци
Позиција: Проектен асистент
Локација: ИМКА Македонија, Битола

Кој може да аплицира?

Невработени млади лица до 29 години кои:
• се евидентирани во АВРСМ
• имаат минимум завршено средно образование
• немаат работно искуство

Што ќе работиш?

• Административна и логистичка поддршка на проекти и активности
• Работа со документација и архива
• Истражување, веб-пребарување и обработка на информации
• Поддршка при подготовка на проектни апликации и извештаи
• Поддршка при организација на настани и проектни активности

Потребно е: познавање на Microsoft Office, е-пошта и Интернет, добро познавање на македонски и англиски јазик, организираност и желба за стекнување нови знаења.

Како да аплицираш?

Испрати го твоето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТ – ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ најдоцна до 17.08.2026 год.

По селекцијата од страна на ИМКА, избраните кандидати ќе треба да поднесат пријава за учество во Мерка 4 – Практикантство во работниот клуб на Центарот за вработување.

Рокот за пријавување во АВРСМ е 21.08.2026 год. или до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.