Вклучи се

Повик за практикант преку World University Service

Доколку сакаш да стекнеш практично искуство за подобрување на твоите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни неопходна пракса преку работа на реални проекти преку програмата за практиканти на WUS (World University Service).

Програмата дополнително нуди обуки за тоа како да ја направиш твојата практикантска работа успешна и за тоа како да ја пронајдеш твојата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и прво интервју), консултации за практикантска работа и отвoрање на свој бизнис.

Месечен надоместок: 15.000 ден. за период 3 до 6 месеци
Период на практикантство: 10.2026-06.2027 (3-6 месеци)
Ангажман: 30 раб.часа неделно
Локација: Младински центар Битола

Позиција: Едукатор (искуство или интерес за неформално образование, младинска работа). Преф.педагогија, психологија, социјална или младинска работа)

Кој може да аплицира?

Студенти од државните универзитети кои се:

  • Во последната фаза од студиите (дипломираат август или септември 2026) или
  • Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување во WUS (30.08.2026) или
  • Кои се на магистерски студии и кои се мотивирани за промени во заедницата

Испратете CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО

Рок до 19.08.2026год.

 

Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.
ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно.