Повик за тим лидер и 5 учесници на Европскиот камп за младински работници на ИМКА
Европскиот камп за младински работници на ИМКА во Михелштад, Германија е камп за учење и тренинг на младински работници кои се активни на отворено и најчесто, на летни кампови. Се одржува скоро секоја година во Германија и е уште еден ИМКА камп на европско тло кој подготвува младински камп лидери.
ИМКА во Битола од неодамна започна соработка со ИМКА Германија со цел младите од нашата земја кои ќе учествуваат на овој камп да имаат можност за практична надградба во младинска работа на отворено и на камп, со што ќе имаат прилика да го збогатат своето камперско искуство како младински работници.
Програмата ќе биде полна со споделување на знаења меѓу учесниците за тоа како се организираат летни кампови, како се работи со млади, како се станува младински лидер, како изгледа групната работа и секако – игри! Подготвен е широк спектар на активности и работилници типични за на отворено, вклучувајќи логорски оган, тимбилдинг активности, сесии за етичко однесување, стилови на лидерство, комуникација, безбедност за време на камповите и многу многу дружење!
Период: 8-16 август 2026 година
Локација: Михелштад, Германија
Основни информации за самиот настан на англиски (кој е работен јазик на обуката) може да се најдат во следниот основен инфо пакет. Очекуваме детален инфо-пакет наскоро!
Млади на возраст 18-29 години
Учесници од ГЛОУ и ИМЛП камповите кои ги организираме ќе имаат предност пред другите пријавени.
Ова е настан за сите оние кои веќе имаат некакво камперско искуство (биле вклучени во програми на летни кампови или младинска работа организирана од ИМКА Битола изминативе две години) или пак се заинтересирани за учество и вклучување како младински работници на нашите идни кампови, и кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа како изгледа подготовка на еден камп.
Сместување: Дрвени кабини со 6 – 10 кревети
Вкупен бр. учесници на целиот камп ќе биде 80 учесници од следниве земји: Чешка, Грузија, Германија, Унгарија, Исланд, Ирска, Косово, Романија, Русија, Шпанија, Белорусија, Грција, Бугарија и Словачка.
Јазик: англиски.
На овој камп ќе одат 2 лидери и 5 учесници од нашата земја. Постариот лидер ќе биде главното лице за контакт и ќе биде задолжен за водење на националната група. Помладиот лидер ќе му помага во овие и во другите активности со цел поголема сигурност во групата и можност за трансфер на знаење околу организирање на ваков вид на интернационални активности.
Партиципација за учество: 60 евра
Патните трошоци (одење и враќање) ќе бидат надоместени на крајот од кампот.
Пријава за учество
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative