Прекрасни денови во Данска 2019
Прекрасни денови е најголемиот национален настан на ИМКА и ИВКА Данска. Тоа е фестивал каде во период од 6 дена повеќе од 1000 учесници и волонтери се собриаат да направат неверојатна забава заедно со гости од повеќе од 10 земји. Оваа година настанот се одржа од 8ми до 13ти јули. Целта на настанот со сите работилници и дискусии им беше јасна – без акција нема реакција.Научивме дека треба да преземеме одговорност за нашите постапки, треба да се грижиме за животната средина затоа што сме дел од неа и да помагаме да се изгради правилно. Исто така научивме дека немора да одиме по протокто и да ги пуштиме работите да течат. Ова беа некои од прашањата што ни беа презентирани тука. Имаше многу отворени дискусии, забавни и физички активности во врска со темата на годината. Да појасниме сликовито, игравме одбојка на плажа, пеевме и танцувавме цела ноќ во шаторот за перформанси, правевеме јога наутро, игравме со огнени топки, имавме гроздобер подготвен на оган. Тоа е совршено место за средба со нови пријатели од целиот свет, предизвикувајќи се себеси и забавувајќи се шест дена. Во целост, дефинитивно го имавме најдоброто време во нашите животи. Прекрасните денови ми помогнаа да размислувам за своите постапки, да размислувам за важноста на природата и дека же продолжам да се грижам за се што ме опкружува.
Телефон
+389 70 59 43 41
+389 72 556 386
Локација
Младински Центар Битола, ул.Крушево,
бр.5, 7000 Битола, С. Македонија
Поштенска адреса
Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42,
7000 Битола, С. Македонија
© Copyright 2026 | ymca.mk | Сите права се заштитени.
Design & Build by IanMcKenzieCreative